ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

„Аџибадем Систина“ набави 15.000 тестови за детекција на Ковид-19

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ набави иницијална количина од 15.000 тестови за детекција на коронавирусот. Болницата има капацитети за вршење на 300 тестови дневно, а пациентите кои ќе дојдат на тестирање треба да носат заштитна маска.

March 26, 2020 17:11
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ набави иницијална количина од 15.000 тестови за детекција на коронавирусот. Болницата има капацитети за вршење на 300 тестови дневно, а пациентите кои ќе дојдат на тестирање треба да носат заштитна маска.

Како што соопштија денеска од „Аџибадем Систина“, цената на тестирање е 1.200 денари, а самото тестирање се врши со претходно закажување термин преку телефонскиот број 02 3099500, достапен 24/7.

Пациентите кои немаат закажано термин за тестирање нема да бидат примени за земање примерок.

-Тестот кој се користи е високопрецизен брз хроматографски тест за детекција на IgG и IgM антителата кои се создаваат од коронавирусот – COVID-19. Комбинираната употреба на IgG и IgM тестот може ефикасно да детектира присуство на вирусната инфекција или претходен контакт со вирусната инфекција преку имунолошкиот статус на телото, информира „Аџибадем Систина“.

Оттаму посочуваат дека овој тест, како нов производ на пазарот, сега се користи речиси во сите болници во Велика Британија, САД, Полска, Србија, Турција, Италија и други земји зафатени од пандемијата на коронавирусот. Научниците го тестирале првично во градот Вухан, во Институтот за вируси во Кина, каде што се потврдил како еден од најефикасните и најбрзи методи за детекција на коронавирусот.

-Тестирањето е преку земање примерок од крв, а процедурата на тестирање не трае подолго од 10 минути. Примероците за тестирање на Ковид-19 се земаат во специјален пункт што е целосно одделен од останатиот дел од болницата со цел максимална безбедност и заштита, се наведува во соопштението на „Аџибадем Систина“.

Работното време на пунктот за тестирање е од 8:00 до 15:00 часот секој работен ден во неделата вклучувајќи ги и викендите.

Од болницата наведуваат дека резултатите од тестот се брзи, ефикасни и прецизни со точност повеќе од 92.9 проценти, и се добиваат два часа по тестирањето на претходно доставената е-маил адреса.

Next Post

Филипче: Oграничувањето во движењето дава резултати

Shortcut

Најново

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

Три дена посветени на творештвото на Манчевски во Италија: Од „Прашина“ до премиерата на „Бикини Мун“

June 18, 2026

Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вонредни избори или национален консензус за ЕУ-агендата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk