Гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо денеска изјави дека буквално секое реално сценарио за епидемија на коронавирусот ќе го надмине постоечкиот болнички капацитет на државата и оти тој ќе ги зголеми капацитетите секаде каде што може.
Куомо рече дека целта е да се достигнат 140.000 болнички кревети со тековните 53.000 кои се на располагање и оти властите разгледуваат нови локации за привремени објекти.
– Целта е во секоја област да имаме локација со 1.000 и повеќе кревети, рече Куомо на прес-конференција.
Бројот на заразени со Ковид-19 во САД надмина 73.000, а починаа повеќе од 1.000 луѓе.