ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Груевски доби право на глас, Орбан ја изгуби Будимпешта

October 14, 2019 06:20
in ДЕНЕС

Екс-премиерот на Северна Македонија, азилант во Унгарија, Никола Груевски, доби право на глас на локалните избори што се одржаа вчера. Но, тамошната власт која му подари азил, го изгуби главниот град.

Унгарската опозиција постигна голем успех во главниот град Будимпешта, нанесувајќи му го најголемиот пораз на Виктор Орбан и неговата партија во последните 9 години. Гергели Карашони, кандидат на обединетата опозиција ќе биде нов градоначалник на Будимпешта. Ова стана јасно откако беа пребројани 89 проценти од гласовите. Карашони освоил 50 отсто од гласовите, а досегашниот градоначалник, Иштван Тарлос од владејачката Фидес освои 45 проценти. Тарлос ја изгуби битката за трет мандат, а на чело на унгарската метропола беше од 2010 година. Тој лично, веќе му ја честитал победата на својот ривал, а поразот го призна и владата на Орбан. „Владата ја почитува одлуката на граѓаните на Будимпешта“, изјави портпарол на владата.

Победата на опозицијата во главниот град според тамошните аналитичари доаѓа благодарение на обединувањето на опозицискиот блок. Опозицијата освои мнозинство и во Генералното собрание на Будимпешта, со 17, наспроти 14 места колку што освои партијата Фидес на Орбан. Освен Будимпешта опозициските кандидати освоија градоначалнички места и во 14 од 23-те поголеми градови во земјата, што е солидно мнозинство на уште едно ниво на управа со локалната власт. Партијата на Орбан освои повеќе локална власт во руралните делови на Унгарија.

По овој удар врз партијата на Орбан, опозицијата се очекува заеднички да настапи и на следните парламентарни избори кои треба да се одржат во 2022 година.

А. Зеќири

 


Сите права се задржани. Преземањето е возможно само со писмена дозвола од Редакцијата.
Next Post

Сончево со температура до 30 степени

НАЈНОВО

Под контрола пожарите кај Вардариште, Кожуф и во Јасен

September 3, 2025

Се вработуваат лични асистенти за ученици, плата 15.000 денари за 20 часа неделно

September 3, 2025
Припадници на армијата на Израел

Илјадници израелски резервисти се пријавуваат на должност пред офанзивата на Газа

September 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Министерот за правда, Игор Филков (фото извор: Wikipedia)

    Магистерскиот труд на Филков отвора дилеми за судир на интереси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Двегодишна затворска казна за напаѓачот на Данела Арсовска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Аманда Сејфрид ја позајми облеката на Џулија Робертс за Филмскиот фестивал во Венеција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Орце Ѓорѓиевски манипулира или е целосно некомпетентен па ветува парк во Вардариште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Манчестер сити го објави трансферот на Донарума

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk