ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ССМ: На 2 април јавна седница, на улица ќе кажеме дека платите на работниците мора да се зголемат

March 31, 2025 16:43
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Сојузот на синдикатите на Македонија в среда ќе одржи јавна седница на органите и телата на ССМ и органите и телата на синдикатите здружени во ССМ, која ќе почне од пред Работнички дом во 12:05 часот. Учесниците ќе продолжат до Собранието, Стопанската комора и Владата каде ќе продолжи одржувањето на седницата од која ќе се упатат пораките „Не може да има за пратениците, а да нема за работниците!“, „Подадената рака на работникот денес, може лесно да стане стисната тупаница утре!“ и „Не може да се одлучува за нас, без нас!“.

Како што информира денеска ССМ, јавната седница е по одлука на Претседателството на ССМ од 28 март годинава со цел да се изрази јавното мислење поради остварување на социјални и економски интереси за заштита на работничките права и правото на слобода на здружување и синдикалното организирање.

– Пратениците во Собранието избрани од работниците да го предложат и гласаат предлогот на ССМ за дополнително зголемување на минималната плата за 6.000 денари, како и зголемување на сите останати плати во приватниот сектор со зголемувањето на минималната плата. Да не гласаат Закони со кои се намалуваат работничките права на штета на работниците, онака сложно како што не гласаат Закони за намалување на нивните привилегии, се вели во соопштението.

Според ССМ, газдите од Стопанската комора да ја прифатат подадената рака на работниците за зголемување на платите со цел задржување на квалификуваните работници во земјава поради тоа што, како што наведуваат, најмалку 15.000 работници и граѓани ја напуштаат Македонија секоја година, па доколку не се зголемат платите, тие ќе бидат главниот виновник за егзодус на работниците од Македонија.

– Владата да застане на страна на работниците, да престане да одлучува еднострано на штета на работниците, да го почитува социјалниот дијалог и да ги запре нападите кон синдикатите и обидите да се замолчат работниците. Владата како најголем работодавач, да ги зголеми платите на вработените во јавниот сектор согласно Општиот колективен договор за јавен сектор, гранските колективни договори, колективните договори на ниво на работодавач, како и да ги усогласи со минималната плата согласно посебните закони, стои во соопштението од ССМ, пренесе МИА.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: платиССМ
Next Post

Хамас го повика „секој што може да носи оружје“ ширум светот да се бори против планот на Трамп за Газа

НАЈНОВО

Фото: СДСМ

Филипче од Куманово: Димитриевски и ЗНАМ одат во политичка пензија, ги чека пораз во Центар и Куманово!

October 17, 2025

Зеленски му предлага договор на Трамп: Дронови за „Томахавк“ ракети

October 17, 2025
Фото: Скирншот, АП

Трамп: САД ќе разгледаат испраќање ракети „Томахавк“ во Украина, се надевам дека ќе ја завршат војната без нив

October 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Сомалиски пирати во Македонскиот залив!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски за средбата Црвенковски и Пецаков не гледа ништо необично, ниту изненадувачко

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Позната причината за смртта на Дајан Китон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Доколку не ги направиме уставните измени немаме никаква можност да мрднеме кон ЕУ, Фон дер Лајен е јасна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk