ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

СДСМ: Излевањето на Маркова река е опомена, ВМРО-ДПМНЕ „заборави“ на уредувањето на нејзиното корито ветено пред четири години

April 2, 2025 10:33
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Излевањето на Маркова река пред само неколку часа ги спречи жителите на Горно и Долно Лисиче да стигнат со своите домови преку патот кој ги поврзува. Минувањето преку мостот на Маркова река на овој потег ја доведува во прашање безбедноста на граѓаните кои го секојдневно го користат овој мост. Излевањето е последна опомена на природата, истакнуваат од СДСМ.

Проширувањето на мостот и уредувањето на коритото на Маркова река помеѓу Горно и Долно Лисиче беа дел од приоритетните ветувања на Дејан Митески и Тимчо Муцунски пред само 4 години, велат од СДСМ.

Од СДСМ нагласуваат дека покрај проширувањето на мостот Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ ветуваа и дека „кејот на Маркова река“ ќе го направат „за уживање“. Трим патека, велосипедска патека и урбана опрема по должината на „кејот“ требаше „да го заживеат“ овој дел од Аеродром.

Наместо тоа добивме поплавени имоти на жителите на Горно и Долно Лисиче, целосен прекин на сообраќајот и страв и несигурност од поголеми штети. Јавно го прашуваме в.д. градоначалникот Дејан Митески: Зошто 4 години нема ни „п“ од проширување на мостот и ни „к“ од кеј на Маркова река? Кога последен пат е исчистено коритото на Маркова река? Колку казни се изречени во последните 4 години за фрлање ѓубре и отпад во коритото на Маркова река?До кога планирате да ги манипулирате жителите на Горно и Долно Лисиче со разни нереални ветувања како кеј со трим патека, велосипедска патека и урбана опрема по должината на Маркова река? Заборавивте ли дека ВМРО-ДПМНЕ традиционално има најмногу гласови на сите избори токму во Горно и Долно Лисиче? – прашуваат од СДСМ.

Дополнително, го повикуваме в.д. градоначалникот Дејан Митески итно да се зафати со чистење и уредување на коритото на Маркова река со цел да се избегнат поголеми катастрофи. Итно да испрати тимови на терен кои ќе направат процена на штетата и да ги разгледа сите можности за обесштетување на граѓаните чии имоти беа поплавени вечерва, велат од СДСМ.

Крајно време е ВМРО-ДПМНЕ да си понесе одговорност за неодговорното и недомаќинско управување со Општина Аеродром. Дејан Митески и Тимчо Муцунски и начинот на кој тие управуваат со Општина Аеродром се главниот проблем во Аеродром, не системот, не природните катастрофи. Митески и Муцунски со нивната неодговорност и негрижа се директно одговори за последиците од излевањето на Маркова река, соопштуваат од СДСМ.

Tags: Маркова РекаСДСМ
Next Post

Палевски отстранет од судница поради сомневање за влијание врз исказите

НАЈНОВО

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025

Одобрено обвинение како продолжение на истрагата за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Мицкоски негира дека Казандол ќе биде повторно отворен

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk