ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Распишан конкурсот за поетската награда „Млада Струга“ на Струшките вечери на поезијата и Делегацијата на ЕУ

April 7, 2025 16:15
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ (СВП), во соработка со Јуроп Хаус и со поддршка на Делегацијата на Европската унија во Северна Македонија распиша конкурс за поетската награда „Млада Струга“ 2025 за најдобра необјавена поетска збирка од млад автор-дебитант.

На конкурсот, како што соопштија Струшките вечери на поезијата, може да учествуваат автори на возраст од 18 години до 30 години, државјани на Република Северна Македонија. Пријава може да поднесе исклучиво авторот и еден автор може да учествува само со една необјавена поетска збирка.

– За дебитант се смета автор што нема објавено поетска збирка како публикација (во книжен или електронски облик) со ISBN број. Објавите на поединечни песни во книжевни часописи, застапеноста во поетски избори и антологии, учеството на поетски фестивали, како и објавата на буклети што не се регистрирани како публикации не го нарушуваат статусот на дебитант. Иако овие објави се сметаат за пожелни, не го фаворизираат авторот, ниту ги дисквалификуваат авторите што ги немаат горенаведените објави, стои во конкурост на СВП.

Минималниот обем на необјавената поетска збирка, како што е наведено, е 500 стихови, а максималниот 1.000 стихови.

Конкурсот трае заклучно со 30 април 2025 година, до кога сите пријави и необјавени поетски збирки треба да пристигнат на поштенската адреса на Струшките вечери на поезијата, како и во електронска форма, според условите. Пријавените необјавени поетски збирки ќе ги разгледува три члена жири-комисија, а добитникот на наградата ќе биде објавен на 10 јуни 2025 година. Наградата вклучува плакета, паричен износ и објавување на печатена публикација во склоп на изданијата на СВП.

– Кандидатите треба да испратат во затворен плик три печатени копии од необјавената поетска збирка со која конкурираат за наградата, отпечатена еднострано во А4 формат со големина на фонт 12 и со назнака „За конкурсот за поетската награда Млада Струга 2025“ на адреса: НУ Манифестација„Струшки вечери на поезијата“, поштенски фах 111, „Браќа Миладиновци“ бр.5, 6330 Струга, стои во конкурсот.

Во истиот затворен плик треба да испратат и кратка био-библиографска белешка (најмногу една страница А4 формат, односно 1.800 карактери со празни места). Освен печатените копии од необјавената поетска збирка и био-библиографската белешка, пријавата треба да се поднесе и во електронска верзија на адресата на СВП: struga@svp.org.mk (заради дополнителна сигурност, потребните документи треба да се пратат и на spefestival@gmail.com)

Книги од сродници од прв и од втор степен на членовите на управниот одбор и директорот на СВП, на редовно вработените или на членовите на жири-комисијата нема да бидат прифатени.

Next Post

Трамп ја нарече Кина најголемиот профитер од сите во трговските односи

Shortcut

Најново

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk