Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш во објава на мрежата „Икс“ напиша дека Израел треба да дозволи непречен пристап на хуманитарна помош во Појасот Газа, која е блокирана на контролните пунктови.
„Израел, како окупаторска сила, има јасни обврски според меѓународното право, вклучително и меѓународното хуманитарно право и законите во областа на човековите права. И покрај тоа, хуманитарната помош не може да влезе во Појасот Газа. Во меѓувреме, храна, лекови и засолништа се трупаат на премините, а виталните залихи се блокирани. Неопходно е да се обезбеди непречен пристап на хуманитарна помош“, посочува Гутереш.
Тој наведува дека освен тоа на хуманитарните работници треба да им се обезбеди заштита според меѓународното право.