ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Девет години од Шарената револуција: Отпор, боја и достоинство

April 12, 2025 14:00
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Шарената револуција, 2016 (фото: ЦИВИЛ)

Шарената револуција, 2016 (фото: ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Во попладневните часови на 12 април 2016 година, почнаа да се собираат луѓе пред Специјалното јавно обвинителство. Чашата ја прелеа одлуката на тогашниот претседател Ѓорге Иванов, кој реши да прогласи „аболиција“ на сите политичари што беа дел од истрагите на тогаш популарното СЈО.

Почна Шарената револуција.

„Нема правда – нема мир“, „мафија на робија“ и „оставка“ беа најчесто повторуваните пароли таа вечер и во месеците што уследија сѐ до падот на режимот на Никола Груевски кој со земјата владееше 11 години.

Таа вечер, мирниот протест ескалираше со демолирање на „народната“ канцеларија на претседателот кај поранешен скопски „Рекорд“. Тоа беше веројатно единствениот насилен инцидент во текот на Шарената револуција.

Од сите страни доаѓаа големи поворки. Демонстрантите се упатија и кон Илинденска б.б. и побараа оставка од владата на Груевски. Потоа, илјадната маса луѓе тргна кон седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Тогаш, забележавме дека овој објект беше најдобро чуваниот во земјата таа ноќ. Ако канцеларијата на претседателот ја чуваа одвај неколку полицајци, и нешто повеќе полицајци беа распоредени пред владата, вмровската грдосија во центарот на главниот град беше заштитена во широк периметар, со огромен број полициски специјалци и оклопни возила со митралези на куполите, покриени со церада.

Седиштето на владејачката партија, најбогатата во Европа, во една од најсиромашните земји на континентот, беше и остана најдобро заштитена зона. Никој не смееше да се приближи до партиската зграда, симбол на клептократијата и структурното насилство. Крајно милитаризирани специјални сили на полицијата беа поставени така што ниту една капка од бојата на „шарените гранати“ не можеше да падне на зградата. Можеше да се протестира секаде, само не пред седиштето на владејачката партија – уште еден мрачен доказ дека државата одамна беше ставена во служба на партијата, а не на граѓаните.

Во деновите што следеа, полицијата, судовите, олигарсите и медиумската пропагандна машинерија тргнаа во одбрана на режимот. Полициска бруталност, апсења, дискредитација и говор на омраза – насилство во секоја смисла на зборот – станаа секојдневие на стотици илјади луѓе низ целата земја.

Славата на Шарената револуција се пронесе низ светот и стана инспирација за огромен број луѓе. До денешен ден, идејата за Шарената револуција е кошмар за авторитарните режими.

Шарената револуција беше и остана симбол за ненасилен граѓански отпор против заробената држава, идеја што обединува по сите линии – етнички, верски, културни, родови, социјални, и политички. Тоа беше и остана граѓански отпор против тиранијата, и борба за демократија, еднаквост, правда и слобода. Нека плука кој сака – Шарената револуција е поголема од секоја закана и секоја заблуда. Таа остана жива како сведоштво и опомена, и сѐ уште ги обединува оние што сонуваат за слобода.

Девет години подоцна, сè уште се бориме со сенките на минатото и со новите маски на стариот режим. Но Шарената револуција остана неуништливо сведоштво – не затоа што боите и настаните не избледеа од сеќавањата, туку затоа што идејата за правда, еднаквост и слобода не се предаде.

Таа не беше момент, туку движење. Не беше настан, туку завет. Ниеден режим не може да ја избрише храброста на народот што го крена гласот.

Шарената не е минато. Таа е траен потсетник дека народот има сила, и дека отпорот секогаш почнува со еден чекор – чекор кон слобода.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Праведен мир за Украина преку сила и единство

НАЈНОВО

Лукашенко негира вмешаност на Белорусија во инцидентите со дронови над Полска и Литванија

September 16, 2025
Фото: Скриншот, видео на Х

(ВИДЕО) Израелски воени авиони го нападнаа јеменското пристаниште во Ал Худаида

September 16, 2025

Почина славниот актер Роберт Редфорд

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО ВЕСТ) „Хибридни напади“ покрај контејнерите во Аеродром

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски смета дека единствено Левица и фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk