ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Граѓаните оставени сами на себе со „паушалните“ сметки за струја од ЕВН

April 14, 2025 14:57
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА

„Кај нас нема поплаки. Ги доставуваат до ЕВН и до Регулаторната Комисија за Енергетика (РКЕ). Ние не можеме ништо кога надлежност имаат од РКЕ. Апелираме да се читаат редовно струјомерите и да се воведат паметни броила што побргу за да ја следат потрошувачите својата потрошувачка на струја, односно да знаат колку трошат. Се додека тоа не се направи не останува друго освен  граѓаните редовно да ги проверуваат сметките за струја и да даваат приговор за корекција до ЕВН, а ако не се задоволни до РКЕ“, вели во изјава за Фронтлајн, Маријана Лончар Велкова од Организација на потрошувачите на Македонија, зборувајќи за реакциите на огромен број граѓани за високите сметки за струја.

Од ЕВН соопштија дека ги читаат мерачите на струја секој месец иако според правилата за снабдување, компанијата има законска обврска да ги чита три пати во месецот. Според нив читањето на броилата на месечно ниво е околу 85% и овој процент и покачен на 95% за само три месеци.

– Инаку годинава Бројот на барања за корекција на отчитани состојби во периодот декември 2024/јануари 2025 е за 20% помал отколку во периодот декември 2023/јануари 2024. Само 15% од барањата за корекција беа основани и за истите е извршена корекција на фактурите. Како и досега, секој корисник има право да побара корекција на фактура телефонски, преку е-пошта и во приемните канцеларии во Корисничките енерго центри на Електродистрибуција, соопштија од ЕВН.

Од Регулаторната комисија за енергетика велат дека со последните законски измени цената на енергијата ја пресметува ЕВН, а Регулаторната комисија за енергетика само ги контролира и ги одобрува овие цени. Според последните три одлуки, струјата од 1 јануари 2024 година е намалена за првиот блок за 5,16%, вториот блок и Бесплатната тарифа се исти, третиот блок се зголемува за 2,88%, а четвртиот блок се зголемува за 1,86%. Според ова регулаторно тело, цената на струјата од 1 јули 2024 година во првиот и вториот блок, кои опфаќаат 88 отсто од домаќинствата, во просек поскапуваат за 0,4 отсто.

Со цел да се спречат пропустите во пресметките, кои удираат по џебот на граѓаните, надлежните во повеќе наврати посочуваа дека секој треба да ги контролира и сам да си ги чита броилата. Оваа можност беше воведена од пред неколку години. Состојбата на броилото која што ќе ја отчита граѓанинот е задолжителна за ЕВН да ја имплементира во нивните сметки.

Здружението на инженери на Република Македонија (ИНРМ) алармира на сериозни недостатоци во начинот на кој се фактурира потрошувачката на електрична енергија, повикувајќи ги граѓаните да ги користат своите права и редовно да поднесуваат приговори до ЕВН Хоме.

Според ИНРМ, најголем проблем претставува паушалното изготвување на сметките врз основа на проценета наместо реална потрошувачка, што, како што се наведува, доведува до неправедна наплата и преминување на корисниците во повисоки тарифни блокови.

„ЕВН не е подготвена – ниту технички, ниту кадровски – да воспостави фер и недискриминаторен систем на наплата базиран на реална потрошувачка“, се наведува во нивното соопштение. ИНРМ бара итна промена на постоечките Правила за снабдување со електрична енергија, иницијатива што веќе била разгледувана на подготвителна седница на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Граѓаните на социјалните мрежи ги советуваат познаниците редовно да ги си проверуваат сметките за струја, бидејќи велат дека воочиле оти во одредени денови струјата им се пресметува по висока тарифа, како за потрошувачи од четвртиот блок. „Биткоини да копав немаше да потрошам 200 киловат часови во еден ден“, коментираат незадоволни граѓани на социјалните мрежи.

Колку е поскапена струјата?

Граѓаните на Северна Македонија, од јануари годинава добиваат во просек повисоки сметки за струја за 0,92 проценти, доколку имаат просечна потрошувачка во прв, втор и трет блок. Во првиот блок беше најавено дека струјата ќе поскапи за 0,68%, за корисниците од вториот блок за 0, 90%, за третиот блок 1,93% и за најголемите потрошувачи на струја од чествртиот блок за 2,24 проценти. Тоа значи дека на едно просечно домаќинство во земјата коешто има сметка од 2.300 денари, трошокот за електрична енергија требаше да му се зголеми за 21 денар.

РКЕ исто така најави дека делот од мрежарината што го плаќаат домаќинствата и 90 проценти од малите потрошувачи се намалува за седум проценти. Претходно мрежарината за домаќинствата изнесуваше 2,3 денари, а сега е 2,14 денари. Процентуалното учество на трошоците за мрежарина е 38 проценти.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини потсетува дека уште неколку дена е отворен Јавниот оглас за финансиска поддршка за електрична енергија за ранливи потрошувачи – мерка со која се обезбедуваат 1.000 денари месечно, директно насочени кон намалување на сметките за струја.

Поддршката се доделува за период од 12 месеци, сметајќи од денот на поднесување на барањето, а рокот за аплицирање е до 19 април. Граѓаните кои ги исполнуваат критериумите се охрабруваат да аплицираат навреме и да не ја пропуштат оваа можност да си ги намалат трошоците за електрична енергија во текот на цела година.

Дестан Јонузи

Tags: ЕВНМаријана Лончар ВелковаРКЕсметки за струја
Next Post

Независниот Венко Крстевски избран за в.д градоначалник на Кочани

НАЈНОВО

Николоски: На крајот од мандатот на оваа Влада, Македонија ќе биде лидер во инфраструктура во регионот

August 18, 2025
Фото: ВИ

(ВИДЕО) Трамп вели дека планира да му се јави на Путин по денешните разговори

August 18, 2025
Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

Трамп не ја исклучува можноста за испраќање американски трупи за одржување на мирот во Украина

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk