ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

Македонското студио „Денсерс јунајтед“ освои вкупно 19 медали во Полска

April 17, 2025 10:18
in ДЕНЕС, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

На Светското првенство во латино-танци што се одржа од 11 до 13 април во Варшава, Полска, танчарите на македонското студио „Денсерс јунајтед“ (Dancers United) освоија вкупно 19 медали.

„Македонската репрезентација составена од 22 танчари на претстави нашата земја со страст, енергија, извонреден талент и танц! На ова високо престижно натпреварување, каде што конкуренцијата доаѓа од сите краеви на светот, танчарите на ‘Денсерс јунајтед’ освоија вкупно 19 медали – 6 златни, 8 сребрени и 5 бронзени, ставајќи ја нашата земја високо на мапата на светскиот танцов спорт. Не постои поголема чест од тоа да се слушне македонската химна на светска сцена, како симбол на трудот, сонот и успесите на овие млади уметници“, се наведува во известувањето.

– Овој значаен успех е резултат на долгогодишна посветеност, истрајност и љубов кон танцот – вредности што ги споделуваат танчарите, нивните ментори и семејствата. Македонија има со што да се гордее – затоа што танцот зборува гласно, а овојпат зборуваше на јазикот на победата, солидарноста и љубовта, изјави Сара Кочан која беше официјален судија – и македонска претставничка на настанот.

Посебно впечатлив, се вели, беше настапот на инклузивната група од танчерското студио, кои низ својот танц испратија силна порака за еднаквост, поддршка и моќта на уметноста да ги надмине сите бариери.

„Со својата енергија, искреност и храброст, тие ги освоија симпатиите на публиката и учесниците од целиот свет. На овој натпревар од светски рамки бевме поддржани од Министерството за култура и туризам“, се додава во соопштението.

Следат наградените:

Next Post
Фотомонтажа: Фронтлајн

Отпор кон американскиот техно-фашизам

Shortcut

Најново

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk