Српскиот кошаркар на Денвер нагетс, Никола Јокиќ, забележа трипл-дабл во вториот натпревар од првото коло од НБА плејофот против Клиперс (102:105).
Србинот на натпреварот одигран во утринските часови имаше 26 поени, 12 скока и 10 асистенции.
Јокиќ го забележа својот 19-ти трипл-дабл во НБА плеј-офот, трет најдобар резултат во историјата.
Резултатот во серијата Денвер – ЛА клиперс е 1:1 во трката прв до четири победи.
Повеќе од Јокиќ во оваа статистичка категорија имаат само Леброн Џејмс (Лејкерс, 28) и Меџик Џонсон (30).