ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

РЕК Битола активно работи на надминување на предизвиците со одлагањето на пепелта

April 22, 2025 16:03
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

РЕК Битола активно работи на минимизирање на проблемите кои се предивикуваат од прашина при поинтензивен ветер или поради специфичниот процес на производство, транспортот и одлагањето на пепелта преку по 3,7 километарска лента.

Од секторот за односи со јавност на РЕК Битола информираат дека пепелта, како нуспроизвод од производството на електрична енергија, се третира со континуирано навлажнување, проследено со одлагање и засипување со земја.

-Високите температури и ветерот може да доведат до сушење на површинскиот слој и евентуално подигнување на прашина при нејзиното спуштање во касетата. На 26 март 2025 година, Државниот инспекторат за животна средина изврши надзор на одлагалиштето за пепел во РЕК Битола. При увидот беше констатирано присуство на поголеми количини на пепел кои отстапуваат од пропишаните во Главниот рударски проект, за што беше издадено задолжение во рок од 30 дена количините да бидат соодветно одложени и посипани со земја. Инспекторатот не изрече санкции, што укажува на препознавање на напорите на комбинатот за решавање на ова прашање. Информираме, посочуваат од РЕК Битола, дека денеска, на одлагалиштето кое беше предмет на инспекцискиот надзор, нема ниту еден грам пепел. Целата количина е одложена, а теренот е целосно посипан со земја.

Од РЕК Битола соопштија дека од 25 април одлагањето на пепелта ќе продолжи директно во касета, а водените топови за дополнително навлажнување ќе бидат ставени во функција веднаш по поместувањето на лентата.

Согласно добиените податоци и резултатите од мерењата на амбиенталниот воздух спроведени од страна на акредитираната лабораторија „Технолаб” Скопје, констатирано е дека во испитуваниот период не е надмината 24-часовната гранична вредност за заштита на човековото здравје за концентрацијата на суспендирани цврсти честички ЦЧ10 (PM10), нагласија од РЕК Битола.

Tags: РЕК Битола
Next Post

МВР апелира граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат сомнителни пораки

НАЈНОВО

Фото илустрација, генерирано со ВИ

НАСА најави пренос во живо: Првите детални снимки од меѓуѕвездената комета 3I/ATLAS

November 18, 2025

Лери Самерс се повлекува од јавноста по обелоденувањето на мејловите со Џефри Епстајн

November 18, 2025

Таткото на Вирц: Флоријан не жали што дојде во Ливерпул – сè оди според планот

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Украински борбен робот сам бранел позиција цели шест недели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Софи Трудо за Џастин и Кејти Пери и како се справува со тоа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk