ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Претседателката Сиљановска-Давкова присуствуваше на погребната миса за Неговата светост, папата Франциск

April 27, 2025 10:32
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На погребната миса посветена на Неговата светост, папата Франциск, присуствуваше и македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова.

Пред околу 200.000 верници и почитувачи на народниот папа, религиозни лидери, претставници на кралски семејства, шефови на држави, премиери и државни делегации се одвиваа бројни црковни церемонии.

– Изразувајќи длабока жалост и искрено сочувство за неговата смрт, претседателката Сиљановска-Давкова, во телеграмата до Ватикан ја потенцираше неговата импресивна и инспиративна личност како совршена хармонија на зборовите и делата. Таа, уште еднаш му оддаде заслужено признание за огромното влијание што го имаше како заколнат миротворец, хуманист и народен трибун, застапник на меѓурелигискиот дијалог и помирувањето, се наведува во денешното соопштение од Кабинетот на Сиљановска-Давкова.

Во возвишен амбиент и света миса, водена од кардиналот Џовани Батиста Ре огромниот број присутни со аплаузи и солзи го испраќале саканиот папа во базиликата Санта Марија Маџоре, неговиот вечен дом!

За разлика од неговите претходници кои почиваат во криптата на базиликата Свети Петар, папата Франциск оставил аманет да биде погребан во Санта Марија Маџоре, една од „петте папски базилики“. Во неа, во 2015 година беше поставена плочата на македонски јазик во чест на Светите браќа Кирил и Методиј.

Минатата година, се посочува во соопштението, претседателката имаше аудиенција кај папата Франциск, што ја оцени како незаборавен настан, заради мудрите папски мисли за најважните светски прашања, но и неговиот респект кон нашата вековна традиција на толеранција на различностите и зрела свест за важната улога на религијата во развојот на општествената хармонија.

Папата Франциск е првиот поглавар на Римокатоличката црква кој ја посетил нашата земја. За време на историската посета во 2019 година тој рече: „Македонија е портата преку која христијанството влезе во Европа, бидејќи жителите на македонското тло се првите Европејци на кои апостолот Павле им го пренел Христовото учење“.

Tags: Гордана Сиљановска Давковапогреб папа Франциск
Next Post

Филипче: СДСМ се консолидира, подготвена е и за предвремени парламентарни и за локални избори

НАЈНОВО

Препораки и мерки од Министерството за здравство за актуелната состојба со сметот во Скопје

October 24, 2025
Скриншот

Хегсет до шверцерите на дрога: Ќе ве ловиме и ќе ве убиваме

October 24, 2025

Прилепскиот основен суд ги отфрли жалбите и го потврди притворот за 6 лица за случајот со болницата

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk