ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Политичка бура во Германија: АфД прогласена за екстремистичка, Шолц повикува на претпазливост

May 2, 2025 15:53
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Германското внатрешно разузнавање ја класифицираше крајнодесничарската партија „Алтернатива за Германија“ (АфД) како екстремистичка организација што ја загрозува демократијата. Со оваа одлука, објавена денеска, разузнавачката служба добива овластување за поинтензивно следење на партијата, која беше втора на последните сојузни избори во февруари.

„Концептот за народот, заснован на етничка припадност и потекло, што доминира во партијата, не е во согласност со слободниот демократски поредок. Оваа концепција има за цел да исклучи одредени групи од населението од рамноправно учество во општеството, да се однесува кон нив на начин што ја крши уставноста и да ги стави во подредена позиција“, се вели во образложението на германското разузнавање. АфД не ги признава германските граѓани со мигрантско потекло, особено муслиманите, за рамноправни претставници на германскиот народ, се додава во проценката. Овој пристап доведува до „клеветење и оцрнување“ на одредени лица и групи, предизвикувајќи „ирационални стравови и непријателство кон нив“.

Според министерката за внатрешни работи Нанси Фезер, АфД „докажано води кампања против слободниот демократски поредок“. „АфД застапува етничка концепција што дискриминира цели групи од населението и ги загрозува граѓаните со изјави што ги прикажуваат мигрантите како граѓани од втор ред“, изјави Фезер. Таа додаде дека ставот на партијата кон етничките групи е очигледен преку „расистичките изјави, особено против мигрантите и муслиманите“.

Одлуката е донесена неколку дена пред стапувањето на должност на новоизбраниот канцелар Фридрих Мерц од Христијанско-демократската унија (ЦДУ), во услови на жестоки дебати за тоа како да се постапува со АфД во новиот парламент. Според аналитичарите, одлуката може да ја зголеми поддршката за АфД и нејзините наративи, кои се отфрлаат од традиционалните партии. Неколку неодамнешни анкети покажуваат дека АфД е на прво место.

Некои фракции на АфД, како младинското крило, веќе беа прогласени за екстремистички, но партијата како целина досега беше класифицирана само како „потенцијално екстремистичка“ – одлука од 2021 година. Новиот статус им овозможува на властите полесно да користат тајни методи за надзор, како регрутирање информатори или пресретнување на комуникации. Привлекувањето нови членови за АфД може да стане потешко, бидејќи тие ќе се соочат со ограничувања при вработување во државната служба.

Шолц вели – Не треба да се избрзува со забраната на АфД

Германскиот канцелар Олаф Шолц изрази загриженост поради растечката сила на крајно десничарската партија Алтернатива за Германија (AфД), но предупреди и на опасноста од донесување избрзана одлука за забрана на партијата, јави ДПА.

На конгресот на Протестанската црква во Хановер, Шолц нагласи дека „не треба да се брза со процесот на забрана“ откако Сојузниот уставен суд ги отфрли неодамнешните барања за забрана на AфД, објави германски „Штерн“.

Шолц додаде дека класификацијата на АфД од страна на Сојузниот институт за заштита на Уставот е внимателно подготвена и дека „многу луѓе мора темелно да ги проучат документите“.

Канцеларот истакна дека подемот на АфД го погодува „длабоко“ како граѓанин и како политичар.

АфД на суд ќе ја оспорува класификацијата на германското разузнавање за партијата како „екстремистичка организација“

Копретседателите на Алтернатива за Германија (АфД) денеска изјавија дека партијата ќе преземе правни мерки против класификацијата на домашната разузнавачка служба за нив како „екстремистичка организација“, јавија британските медиуми.

„АфД јавно се дискредитира и се криминализира непосредно пред промената на власта“, напишаа во соопштението Алис Вајдел и Тино Крупала.

Двајцата копретседатели додаваат дека партијата „ќе продолжи правно да се брани од овие клеветнички наводи кои ја загрозуваат демократијата“.

Ј. Ѓ.

Tags: АФДГерманијазабранаШолц
Next Post

САД подготвени за првата продажба на воена опрема за Украина под лидерство на Трамп

Shortcut

Најново

Од 15 до 18 октомври започнува 45. Скопски џез фестивал: Четири вечери, 13 земји и ексклузивни концерти

September 15, 2026

Партиски пресметки за судството: СДСМ обвинува за неказнивост зa Кочани, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа со модуларната болница во Тетово

September 15, 2026
Европска централна банка (фото: Wikipedia)

ЦИВИЛ Медиа анализа: Каматите не ги диктира само Франкфурт, поскапувањето на кредитите не е автоматско

September 14, 2026

Филипче предлага конкретни мерки: Да се укине акцизата за горивата и ДДВ да се намали на 5%

September 14, 2026

„Кога не би бил институција, знам како се решава ова“: Мицкоски очекува судовите да постапат за заканите упатени кон него

September 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk