ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Димитриеска-Кочоска: Визијата на Владата е модерна, европска држава со стабилна економија и повисок стандард за граѓаните

May 7, 2025 16:13
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Македонија се наоѓа на пресвртница – соочена со предизвици дома, но и со перспектива за членство во ЕУ. Реформската агенда 2024-2027 година, којашто е поддржана од Европската комисија, е јасен пат за трансформација на економијата и општеството кој содржи конкретни реформски критериуми и резултати. Реформи коишто ќе ги спроведуваме не само заради членство во ЕУ, туку пред се заради сопствените граѓани – за подобар животен стандард, поквалитетни услуги и стабилна економска иднина. Ова го порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која учествуваше на панел дискусија на тема „Каде сме и каде сакаме да бидеме? Предизвиците дома и во Европа – пат до успешна иднина“ на 28. Евроазиски економски самит во Истанбул.

– Последните неколку години беа обележани со преклопувачки кризи – пандемијата, енергетската криза, ценовни шокови – кои бараа силна фискална реакција. Владата презеде мерки за заштита на граѓаните и економијата, што доведе до зголемени буџетски трошоци. Сега, кога најтешкото е зад нас, приоритет ни е фискалната консолидација, односно постепено намалување на дефицитот и задолженоста за да се осигура долгорочна одржливост. Целта е да не дозволиме долговите да ја загрозат стабилноста на економијата, ниту пак идните генерации да се соочат со несразмерен товар. Притоа, важно е фискалната консолидација да биде спроведена на паметен начин – со контрола главно на тековните трошења, но не и на сметка на капиталните инвестиции кои поттикнуваат раст, рече Димитриеска-Кочоска.

Истакнувајќи  дека меѓународните партнери ги препознаваат напорите коишто ги вложува Владата, министерката наведе дека  Меѓународниот монетарен фонд во својата последна мисија ја препозна желбата за борба на намалување на неформалната економија. Исто така, додаде  дека веќе се гледаат првични ефекти – стапките на наплата на одредени даноци постепено растат оваа година, а во делот на царинските приходи рече дека фокусот е на сузбивање на шверцот и зајакнување на царинската контрола, особено на акцизните стоки.

На панел дискусијата потенцира дека стратешка цел е полноправно членство во ЕУ и дека земјата се стреми кон постигнување на европски стандарди.

– Министерството за финансии, заедно со останатите ресори во Владата, е целосно посветено на унапредување на стандардите согласно ЕУ критериумите и затворање на поглавјата  во преговарачкиот процес со успех. Сите реформи се во срцето на пристапните критериуми. Одиме по правиот пат, но треба да одиме побрзо и поодлучно. Добрата вест е што ниту во една сфера не сме „заглавени“ – насекаде имаме план и активности кои се во тек, за адресирање на препораките, посочи министерката Димитриеска-Кочоска.

Таа порача дека визијата на Владата е Македонија да прерасне во модерна, европска држава со стабилна економија, унапредени јавни услуги и повисок стандард за сите граѓани и дека очекува тоа да се достигне побрзо со  посветеност, компетентност и единство околу стратешките цели.

Министерката за финансии, како што информира ресорното министерство, беше дел и од свеченото отворање на  Самитот, каде што порача дека со заеднички идеи, иницијативи и соработка може да се надминат предизвиците пред кои сме исправени. При тоа потенцира дека меѓусебната поддршка е многу значајна и дека Македонија и Турција негуваат пријателски односи.

Димитриеска-Кочоска претходно во Анкара оствари средби со министрите за трезор и финансии и за трговија, Мехмет Шимшек и Омер Болат.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Гордана Димитриеска-Кочоска

НАЈНОВО

Кристина Костова: Правата на маргинализираните не смеат да бидат жртвувани на олтарот на статус квото

May 11, 2025

Мицкоски изрази жалење што родителите на загинатите не прифатиле средба во Владата, сега бил подговен да оди и во Кочани

May 11, 2025

Ердоган: Турција е подготвена да биде домаќин на преговорите меѓу Русија и Украина за прекин на огнот

May 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Браната Три Кланци во Кина ја успори ротацијата на Земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Владата на Мицкоски ја претвори Македонија во „тажна балканска приказна“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk