ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ЗНАМ за пресот на Муграшанска : СДСМ е во паника и прави дефокус од сопствените корупциски афери

May 7, 2025 16:20
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Партијата ЗНАМ реагира на денешните обвинувања од СДСМ за наводна корупција во Куманово на кумот од Максим Димитриевски.

– СДСМ е во паника. Ова не е политика, ова е дефокус од вашите корупциски афери. Нема ништо скриено, се е јавно, нема ништо незаконско, се може да се провери. Куманово е пример дека може поинаку. Ние ќе продолжиме да работиме чесно и одговорно, рече попладнево портпаролот на ЗНАМ Никола Мемов по повод обвинувањата на СДСМ дека лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски е поврзан со „најголемиот урбанистички корупциски скандал во Куманово“.

Мемов на прес-конференција во партискиот штаб во Скопје истакна дека СДСМ се враќа назад, на старите патеки и повторно ја презема улогата на кочничар на економскиот развој на Македонија.

-За ЗНАМ денешниот прес организиран од новата и веќе етаблирана коалиција помеѓу СДСМ и Левица, во интерпретација на сомнително лице со документирани здравствени проблеми од психолошка природа, за кое не сме сигурни дека ја консумирала потребната дневна доза лекови, е дежаву на настаните од пред четири години, за време на локалните избори во 2021 година. СДСМ е партија во паника. Ја разбираме очајната состојба во која се наоѓа, во својата безидејност, во својот слободен пад како партија на македонската политичка сцена, отвораат стари теми кои се отворени и затворени за јавноста пред повеќе од девет месеци, истакна Мемов.

И тогаш и сега, посочи, токму пред локалните избори кои треба да се одржат во октомври, на маса е истото неуспешно сценарио организирано од СДСМ.

-И тогаш, и сега обвинувањата беа исти, и тогаш и сега СДСМ ќе доживее дебакл на Локалните избори во Куманово и во цела Македонија. Би сакале да ја потсетиме јавноста дека од страна на поранешната Влада, еден од најголемите инвестициски проекти во Македонија, кој вреди стотина милиони евра беше опструиран и закочен. Компанијата ЛИДЛ и нивната инвестиција во индустриската зона Нивини и Речица во Куманово е една од стратешките развојни активности како за Куманово, така и за Македонија, која треба да обезбеди нови работни места и економски раст во регионот. На крајот од мандатот на поранешната Влада, сакајќи да обезбеди политички поени пред Парламентарните избори минатата година ја промовираше оваа капитална инвестиција и беа првите лопатари на чело со поранешниот премиер Димитар Ковачевски. Не ни е јасно зошто тогаш ЛИДЛ беше одлична, а сега е непосакувана инвестиција, истакна портпаролот на ЗНАМ.

Според него, во континуитет СДСМ се води од народната поговорка „крадецот вели, држете го крадецот“.

-Заробена во своите навики дека од секоја приватна инвестиција треба да извлече личен бенефит и профит или народски кажано да рекетира, СДСМ обвинува дека тоа го прават другите. Ние од ЗНАМ сме различни од нив и тоа безброј пати сме го докажале. Ние сме дома, во Македонија, а не во Дубаи на журките на Хариз Џиновиќ, не градиме облакодери во Дубаи, ние градиме за граѓаните на Македонија. Ние ниту сме Зоран Заев кој направи милиони евра од ископите во РЕК Битола (за кои сега има постапки), ниту сме Венко Филипче кој земаше провизии за набавка на вакцини, реагенси и респиратори во ковид кризата. Додека институциите ги отвораат вистинските скандали од вашето време – тендери, проневери, договори во четири очи и партиски вработувања – вие се обидувате да го одвлечете вниманието на јавноста со напади врз градоначалникот на Куманово, нагласи Мемов.

Дополни и дека денес, по децении запоставеност, Куманово е препознаен како пример за локален развој.

-Прв пат, како никогаш досега градот добива сериозни странски инвестиции. Се отвораат нови работни места. Се гради. Се живее со надеж. ЗНАМ ќе продолжи без страв, без компромис. Нема да се повлечеме. Ќе продолжиме да го градиме Куманово и да работиме за секој граѓанин, чесно и одговорно. Ќе ја продолжиме битката за локална и национална промена, заснована врз вистина, работа и интегритет. ЗНАМ ќе биде на страната на правдата, законот и граѓаните, подвлече Мемов.

Советничката на СДСМ во Советот на општина Куманово Атина Мургашанска денеска на прес-конференција рече дека „ЗНАМ е движење за корупција и богатење на нивниот претседател Максим Димитриевски“.

-Денес јавно го презентираме во детали најголемиот урбанистички корупциски скандал што го видел Куманово во последните децении – организиран, координиран и спроведен под директно влијание на градоначалникот Максим Димитриевски. Денес членовите на ЗНАМ и поддржувачите ќе дознаат дека движењето на ЗНАМ е движење за корупција и богатење на нивниот претседател Максим Димитриевски. Ќе видиме како големиот поборник за правда Димитриевски, кој својата кариера ја изгради противејќи се на ДУИ, сега во соработка со советниците токму на ДУИ, си изгласа ДУП, со кој очигледно дебело се офајди со сума од 350.000 евра. Ова што го режираше Димитриевски, поддржан од советниците на ДУИ, треба да влезе во книгите за организиран криминал и корупција, истакна Мургашанска.

Поврзано: 

Мургашанска со детали за корупциски скандал: Кумот на Максим Димитриевски со поддршка на ДУИ си спечали 350.000 евра

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Кристина Костова: Правата на маргинализираните не смеат да бидат жртвувани на олтарот на статус квото

May 11, 2025

Мицкоски изрази жалење што родителите на загинатите не прифатиле средба во Владата, сега бил подговен да оди и во Кочани

May 11, 2025

Ердоган: Турција е подготвена да биде домаќин на преговорите меѓу Русија и Украина за прекин на огнот

May 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Браната Три Кланци во Кина ја успори ротацијата на Земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Владата на Мицкоски ја претвори Македонија во „тажна балканска приказна“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk