ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Муртезани: Реформите се постојана обврска заснована на докази, транспарентност и јавна доверба

May 8, 2025 11:45
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

 Реформската агенда 2024–2027 година претставува национално управувана трансформациска платформа што ја вградува европската агенда во институционалните политики, при што се заснова на пет стратешки столба: владеење на правото, зелена транзиција, дигитална трансформација, човечки капитал и добро управување, истакнал министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, во неговото денешно обраќање на он-лајн промотивен настан за проектот „Следење реформи и раст во Западен Балкан“, во организација на Институтот за европска политика, а кој претставува платформа за регионална размена на искуства и добри практики во следењето и оценувањето на реформите, со учество на претставници од институциите, граѓанското општество и меѓународните партнери.

Како што соопштија од Министерството за европски прашања, тој ја нагласил важноста на структурираните и транспарентни механизми за следење на реформите, како клучни алатки за ефективно управување со реформските процеси и зајакнување на јавната доверба. Муртезани подвлекол дека реформите мора да бидат резултатски ориентирани, континуирано следени и отворени за корекции, за да ја одразат реалната динамика и очекувањата на граѓаните и партнерите.

Според него, проектот за кој денеска разговараат директно се однесува на предизвиците со кои се соочуваат како национални координатори на сложени реформски агенди.

– Како министер задолжен за европски прашања и назначен за национален координатор за Реформската агенда на Северна Македонија, непосредно ја согледувам важноста од алатки кои не само што ги следат резултатите од реформите, туку и ги одразуваат институционалните напори, кохерентноста на политиките и општествената релевантност на она што се стремиме да го постигнеме, рекол Муртезани.

Осврнувајќи се на Реформската агенда 2024-2027 година, тој потенцирал дека агендата е национално управувана платформа за трансформација, осмислена преку структуриран процес во кој беа вклучени ресорните министерства, граѓанското општество, развојните партнери и меѓународните експерти. Но, истакнал, нејзиниот кредибилитет не се произлегува од нејзината замисла, туку на способноста да ги претвори политичките приоритети во видливи промени. Агендата, додал Муртезани, препознава пет централни столба што ги одразуваат и националните и европските приоритети: владеењето на правото, зелената транзиција, дигиталната трансформација, развојот на човечкиот капитал и доброто управување. Секоја од овие области содржи посебни реформи, временски рамки и очекувани резултати, но и покрај тоа, тие се меѓусебно зависни и се надополнуваат.

Во изминатата година, посочил тој во обраќањето, Северна Македонија презеде конкретни чекори за вградување на оваа агенда во работата на јавните институции. Со донесувањето на новиот Закон за буџети, додал, се воспостави потранспарентна рамка за управување со јавните средства заснована на правила.

– Системите за внатрешна финансиска контрола се прошируваат и се вградуваат во клучните институции. Во областа на човечкиот капитал, се управува со регионални центри за стручно образование со цел подобро усогласување на образованието со потребите на пазарот на трудот. Во рамките на Зелената агенда, оперативните рамки за енергетска транзиција се воведуваат паралелно со планирањето на законодавството. Сите овие мерки се следат во однос на јасно дефинирани одредници и показатели за успешност, истакнал министерот Муртезани.

Во овој контекст, посочил дека следењето реформи и раст не претставува само компаративен збир податоци. Проектот, според него, нуди можност, следењето на реформите засновано на докази да се интегрира во планирањето на политиките, одлуките за финансирање и механизмите за јавна одговорност. Ја засилува пораката дека реформата не е повремена активност, туку постојана обврска. Уште поважно, нагласил министерот, ова ни овозможува да ги согледаме нашите напори во споредба со оние во регионот, каде е постигнат напредок и каде постои потреба од заедничка акција.

Министерот Муртезани изразил задоволство што на овој настан присуствува и Маида Горчевиќ, министерка за европски прашања на Црна Гора, и воедно национален координатор.

– Нашата соработка трае одамна, но со текот на времето станува сѐ поважна. Како колеги, работиме во политички системи кои можеби се разликуваат во детали, но се соочуваат со истиот клучен предизвик: како да се спроведат трансформативни реформи под притисок на ограничените ресурси, зголемените јавни очекувања и барањата на процесот на пристапување во ЕУ. Оваа меѓусебна соработка не е важна само за унапредување на нашите национални практики, туку и го зајакнува регионалниот глас во дијалогот со Европската Унија и меѓународните партнери, рекол министерот за европски прашања.

Координацијата на националната Реформска агенда според Муртезани подразбира осигурување внатрешна усогласеност на реформите, нивна јасна комуникација со јавноста и отпорност на политички или административни промени.

– Потребно е јасно разбирање на редоследот на дејствување, силна поврзаност помеѓу реформските амбиции и институционалниот капацитет, како и постојана комуникација со јавноста и со нашите меѓународни партнери. Во тој поглед, координацијата е и техничка и политичка улога. Дозволете ми да нагласам дека динамиката на реформите не смее да се занемари. Таа мора да се обновува преку конкретни резултати, институционално учење и регионална солидарност. Алатките како што е Следењето реформи и раст можат да имаат значајна улога во овие напори, но само доколку не се користат исклучиво за известување, туку како дел од поширока реформска култура што ги вреднува доказите, транспарентноста и дијалогот, потенцирал министерот.

Во обраќањето посочил дела остануваме целосно посветени на тоа нашата Реформска агенда да стане „жив“ документ кој постојано се дополнува.

– Сакам да истакнам дека реформите успеваат таму каде што има одговорност, координација и доверба. Платформите како денешниот настан се важни бидејќи нè потсетуваат дека реформата не е само национално прашање. Таа е регионално и европско прашање, со заеднички одговорности и заеднички очекувања, истакнал министерот Муртезани.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Муртезаниреформи

НАЈНОВО

Папа Лео XIV Фото: Скриншот

Кој е Роберт Превост, новиот папа?

May 8, 2025
Папа Лео XIV Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Избран новиот папа: Лео XIV првиот американски папа во историјата

May 8, 2025

(ВО ЖИВО) Идентитетот на новиот папа ќе го објави кардиналот Доминик Мамберти

May 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Галоп на полжавите во изборна година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Аналитичари сметаат дека Мицкоски спроведува етничка програма во мултиетничка држава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Идентитетот на новиот папа ќе го објави кардиналот Доминик Мамберти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бел чад од Сикстинската капела: Habemus Papam

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град окован во лаги и срам: Туристички водич низ отворениот музеј на кичот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk