Земјотрес со интензитет од 5,5 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди граничната област меѓу Перу и Еквадор, според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки институт.
Земјотресот се случил на растојание од околу 23 километри од населбата Тумбес на северозападниот дел на Перу.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од околу 45 километри.