ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Пендаровски за „Етнос“: Се надевам и очекувам позитивна одлука од Европа

Шефот на државата истакнува дека двете соседни земји како членки на ЕУ, ќе ги делат европските вредности и стандардите на демократизација и транспарентност што ќе помогне во безбедноста и стабилноста на регионот

October 14, 2019 16:34
in АКЦЕНТИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Надеж дека Европскиот совет ќе даде зелено светло за почеток на пристапни преговори со унијата, изразува претседателот Стево Пендаровски во изјавата за грчкиот весник „Етнос“, потенцирајќи дека ваквата одлука би била достојна и признание за напорите што ги направи земјата.

Во текстот под наслов: „Стево Пендаровски за Етнос: Време е Европа да нѐ награди“, грчкиот весник ја пренесува изјавата на претседателот, како во однос на ЕУ и европската перспектива на земјата, така и во однос на Договорот од Преспа.

– Искрено се надевам и очекувам дека ќе има позитивна одлука од Европскиот совет за да може Северна Македонија да ги започне претпристапните разговори, за во следниот период да стане членка на ЕУ. Тоа ќе биде одлука што ја сметаме за достојна, но е и признание за сите напори што ги направи земјата во последните години, како во спроведување на внатрешните реформи, така и со решавањето на долгогодишното прашање за името со Грција, стигнувајќи до историска одлука што го отвори патот за заедничка европска иднина и на двете земји, вели претседателот Пендаровски.

Шефот на државата истакнува дека двете соседни земји како членки на ЕУ, ќе ги делат европските вредности и стандардите на демократизација и транспарентност што ќе помогне во безбедноста и стабилноста на регионот, а говори и за Договорот од Преспа и позитивните резултати и новото поглавје во билатералните односи.

– Но, најважно од сѐ е дека се отвори пат за силен билатерален однос, зајакнувајќи ја врската како на политичко, економско и одбранбено ниво, така и меѓу луѓето и културните соработки. Северна Македонија и Грција се соседи долго време, а сега имаат можност да станат партнери во рамките на ЕУ. Процесот на преговори, им дава значителни можности на земјите да разменат знаење, добри практики и искуства од процесот на пристапување во ЕУ. Како членки на ЕУ, слободното движење на лица, добра и услуги ќе овозможи поотворена област што ќе донесе просперитет како за Северна Македонија, така и за Грција како дел од истиот европски регион. Како членки на ЕУ, ќе ги делат европските вредности и стандардите на демократизација и транспарентност што ќе помогнат во безбедноста и стабилноста на овој регион, вели претседателот Пендаровски за „Етнос“.

Извор: МИА

Next Post

Димитров: Потребен ни е процес за да се европеизираме

Shortcut

Најново

Амб. на Украина, Лариса Дир

Лариса Дир: Кремљ ги претвора студот и темнината во оружје против Украинците

October 30, 2026

Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

October 30, 2026
Фотографија: Unsplash

Украдени милијарди од Binance: Замрзнати 2,7 милијарди долари, напаѓачот задржал уште 2,4 милијарди

October 30, 2026

Израел: Преброени над 95% од гласовите, Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk