ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

Тимоти Шаламе доби награда „Давид“ за извонредни достигнувања

May 9, 2025 14:38
in ДЕНЕС, МАГАЗИН
Скриншот

Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Тимоти Шаламе ја доби италијанската награда „Давид ди Донатело“ за извонредни достигнувања во кинематографијата на 70. издание на доделувањето на овие награди вчеравечер во студиото „Синесита“ (Cinecittá) во Рим. Наградениот глумец го истакна филмот „Викај ме со твоето име“ на италијанскиот режисер Лука Гвадањино врз својата кариера.

– Лука е, веројатно, најважната личност во мојата кариера… Почнав како 20-годишно дете од Њујорк, на кое му беше тешко да се пробие во американската филмска индустрија. (Подемот на) Мојата кариера се случи преку ноќ благодарение на Лука Гвадањино и шансата што тој ми ја даде да глумам во италијански филм, рече Шаламе, кој присуствуваше на настанот со својата девојка и татко сѝ Марк Шаламе.

Кога Шаламе ги доби првите номинации за најдобар глумец за италијанско-американскиот филм во 2017 година – тој имаше 22 години.

– Немам семејна крвна линија што „тече“ низ Италија. Не сум поврзан со никого овде, но чувствувам длабока поврзаност со кинозаедницата овде… Да не го остварев мојот сон за глумата, веројатно ќе го соборев рекордот на Франческо Тоти, продолжи Шаламе, мислејќи на поранешниот капитен на фудбалскиот клуб АС Рома, чиј навивач е самиот.

Пјера Детасис, претседателка и уметничка директорка на Академијата за италијанска кинематографија, „Европско-американското потекло на Тимоте Шаламе го прават еден од најнепредвидливите и најталентираните протагонисти на меѓународната кинематографија денес, способен да биде и авторски изведувач и ѕвезда“ која генерира трендови и стилови.

Меѓу фаворитите за овогодишните филмски награди „Давид“ се „Партенопа“ на Паоло Сорентино, „Големата амбиција“ на Андреа Сегре, „Вермиљо“ на Маура Делперо и „Уметноста на радоста“ на Валерија Голино.

Tags: „Давид“наградаТимоти Шаламе
Next Post

Пешачење по јадење помага во регулирањето на шеќерот во крвта

Shortcut

Најново

Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

July 11, 2026

Борјан Диневски: Песната „Трофеј“ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите

July 11, 2026

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk