ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Мастрафот си ти

Сендвичот во исхраната, сексот и политиката

May 10, 2025 15:48
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЖИВОТ, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Сендвич! Ќе речете – симбол на динамичното урбано живеење на денешницата. Сепак, не е целосно точно дека е придобивка на современото живеење од крајот на 20-от и почетокот на 21-от век. Сендвичот, тој добар другар на оние што живеат брзо и се движат многу, не е творба на денешницата.

Ако побараш податоци за значењето и историјата на сендвичот, лесно ќе дознаеш дека, иако самиот збор „сендвич“ потекнува од 18 век, концептот на ставање храна меѓу две парчиња леб е многу постар. Уште во 1-от век п.н.е., еврејскиот мудрец Хилел го комбинирал месото од јагнето со горки тревки и мацах (matzah – едноставна лепиња направена од брашно и вода, без квасец) што се служи за време на Пасха, инаку оброк што во денешно време е познат како „Хилелов сендвич“.

Според кулинарскиот вебсајт Food2mouth, рецептот, сепак, му се припишува на Џон Монтегју, Ерл од Сендвич IV, англиски благородник од 18 век. Според легендата, како страствен коцкар, Монтегју често се наоѓал во ситуација да не сака да стане од коцкарската маса за да јаде. Затоа, тој барал од својот слуга да му носи месо вметнато меѓу две кришки леб, што му овозможувало да јаде без прибор за јадење и без да ја прекинува играта. Ова практично решение за дилемата со јадењето брзо се здобило со популарност.

Зависно од тоа колку пазиш на линија, а уште повеќе колку пари имаш, сендвичот може да биде извонреден начин на исхрана, разновиден и здрав. Особено ако употребиш од „здравиот“ (и поскап) леб, тоа ќе ти обезбеди влакна и витамини. Пилешкото или мисиркиното месо ќе ти обезбедат протеини. Може да се помине вкусно и здраво – а без месо – со хумус, авокадо или други растителни производи. Зеленчукот – домати, спанаќ, краставички, рукола, марула – носи витамини и минерали. Павлаката и разни растителни или млечни намази се добра и здрава замена за мајонезот.

И се разбира, секогаш се тука класичните, мрсни бургери, клуб сендвичи со разни шунки и мајонези, и бескрајна палета од вкусни, но не баш здрави начини да уживате додека се храните со неговото височество – сендвичот – тој непризнаен, а сеприсутен принц на подвижната трпеза.

Сендвичот е едноставно, но генијално кулинарско откритие. Иако изгледа многу едноставно, а подготовката е (релативно) брза, за добар сендвич се потребни умешност, креативност и љубов. Како и во сѐ друго во кујната, се разбира, пред да остане обврската таани да се чисти – тогаш можете да додадете малку чили во своето расположение.

Ако не сте знаеле, сендвичот има свој Светски ден на сендвичот кој се одбележува на 3 ноември, роденденот на Ерлот од Сендвич IV, иако според други извори, тој е роден на 13 ноември 1718.

Сендвичот е важен дел од исхраната и урбаната култура во денешниот свет. Јас не само што не го потценувам, туку се восхитувам на ова кулинарско дело, секој ден го конзумирам и се гордеам со вештината да направам – добар сендвич!

*

Оваа приказна го слави сендвичот во исхраната на човекот, но мора да се спомнат и сендвичите во други области.

Токму така, сендвичот не е само во кујната. Тој е и во креветот.

Океј, и на задното седиште во автомобилот, на кујнската маса, под или над бирото, на тепихот во дневната, во паркот, лифтот, тоалетот во авион или некој локал… Секаде каде што има потреба, желба – и доволно простор за повеќе лепчиња и мастраф.

Сендвичот во сексот се применува на разни начини. Може да има две, па и повеќе лепчиња – како во случајот со клуб сендвичите – топли, зачинети, крцкави, со вкусен и богат мастраф од кој се цедат течните додатоци, ѕиркаат листови салата и домат, а сето тоа изгледа живописно и соблазнувачки.

Конзервативците обично велат дека претпочитаат само едно лепче со малку путерче и мал(ку) мастраф одозгора, а гласно се ужаснуваат од помислата на лепчиња со кои може да се сподели мастрафот од другата страна. Но сосема извесно е дека интензивно сонуваат за сендвичи и тоа во најразлични варијанти.

Светот знае за бескрајни сендвич варијации во сексот, каде што лепчињата имаат можност за трансформација во мастраф и обратно, сè со цел да се постигне максимално уживање.

*

Во политиката, повеќето сендвичи се припремаат во микробранова печка. Кога ќе излезат од микробрановата, тие испаруваат и изгледаат супер вкусно и примамливо. Но додека ти го сервираат и додека се насладуваш на глетката, сендвичот губи од топлината, а кога ќе почнеш да го јадеш, сфаќаш дека е празен. Притоа и смрдлив, тегав и невкусен. И супер скап.

Сендвичите во политиката немаат мастраф, а лепчињата се стари, суви и мувлосани, па затоа се мачкаат со разни масла и се греат во микробранова, да изгледаат привлечно само до моментот кога ќе го платиш – сендвичот.

Откако ќе ја сфатиш измамата, веќе е доцна. Си платил. И си останал гладен. Но тука не завршува приказната. Политиката се грижи за својата исхрана на тој начин што, откако ќе платиш за празниот сендвич без мастраф и со стари, мувлосани лепчиња, те користи тебе за мастраф на ист начин на кој сендвичот е опишан во – сексот.

И си останал гладен.

И злоупотребен.

Зашто, во политиката, мастрафот си – ти.


Специјално за ГРАДСКА. Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Костова: Владата на Мицкоски ја претвори Македонија во „тажна балканска приказна“

May 10, 2025

Македонскиот павилјон „Strada Brutalissima“ на Венециското биенале на архитектурата 2025 вброен меѓу 10-те највпечатливи

May 10, 2025

„Марш за ангелите“ во Кочани: Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има!

May 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Интервју со Кристина Костова

    Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Браната Три Кланци во Кина ја успори ротацијата на Земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Левица: ВМРО-ДПМНЕ менува закони по мерка, веќе нема да требаат ни сертификати за директорско место

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk