ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски: Во периодот што следи ќе номинираме нови имиња по излегувањето на крилото на Таравари

May 14, 2025 12:41
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања рече дека во периодот што следува ќе бидат номинирани нови имиња на местото на Алијанса за Албанците, крило на Арбен Таравари, кои излегоа од владината коалиција.

-На редовниот Извршен комитет синоќа разговаравме за актуелната економска и политичка состојба во државата, очекувам до крајот на месецот да излезам пред членовите на ИК со предлози за кандидати за градоначалници, па оттаму тоа ќе оди на Централен комитет. Членовите на ИК ме овластија во периодот којшто следи да номинираме нови имиња кои ќе ги заменат имињата на оние коишто одлучија да одат во прегратките на Али Ахмети и на ДУИ односно од партијата на Арбен Таравари, рече Мицкоски по поставување камен-темелник на училишна спортска сала во подрачен објект на ОУ „Гоце Делчев“ во село Долно Лисиче, Општина Аеродром.

Мицкоски, одговарајќи на новинарско пршаање дали ресорите што ги напушти Таравари ќе останат во Вреди или ќе се поделат, рече дека во наредниот период ќе бидат појасни многу работи, повика на трпеливост и изрази уверување дека ќе биде постигнат договор.

Синоќа на седницата Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на која се дискутираше за актуелната економска и политичка состојба во државата, го овласти лидерот на партијата и претседател на Владата Христијан Мицкоски, да предложи нови кадровски решенија на позициите што досега ѝ припаѓаа на Алијансата за Албанците, по одлуката на Арбен Таравари да ја напушти владината коалиција.

-Овој чекор на Таравари беше оценето дека претставува уште еден доказ дека групата на заштитници на криминалот и корупцијата добива нови редови – уште една маска падна, уште една илузија беше разоткриена. На политичката сцена се појави нов, добро координиран марионетски квартет: СДС, Алијанса, ДУИ и Левица – различни имиња, но ист газда. Различни маски, но ист сценарист, информира вчеравечер од партијата.

ДУИ, како што наведуваат, „со години инвестираше во создавање на лажни политички конкуренти кои всушност се негови продолжени раце. Така ги добивме СДС и Алијансата на Таравари – партии со речиси идентичен рејтинг, подготвени да бидат потрошени во функција на обидот за враќање на ДУИ на власт. И како што е случај со секоја потрошна роба, така и овие ќе бидат фрлени на политички отпад кога ќе ја завршат својата задача“.

Вчера министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски истакна дека доколку Арбен Таравари има намера да соработува со ДУИ, тогаш ВМРО-ДПМНЕ нема да соработува со него, додавајќи дека владиното мнозинство е стабилно.

– Владата е стабилна, владиното мнозинство е стабилно. Владата работи посветено на реформи. Јас тоа го кажав и пред неколку недели, дека доколку господинот Таравари одлучи да работи со ДУИ, тогаш не може да соработува и со ВМРО – ДПМНЕ. Ние како политички субјект не сме подготвени да имаме соработка со некој којшто има за цел  понатаму да дејствува политички во координација со ДУИ, барем до момент дури ДУИ не се реформира, а ДУИ во моментот е далеку од реформиран политички субјект, рече Муцунски. Потенцираше дека токму ДУИ е виновникот за нарушените позиции во надворешната политика, па со оглед на тоа таков политички субјект не може да биде парнер со ВМРО-ДПМНЕ.

Во понеделникот вечерта, по состанокот на Алијансата на Албанците, Арбен Таравари на прес-конференција изјави дека ја напуштаат владината коалицијата и дека одат во опозиција. Според него, едногласна била одлуката во партијата на оваа средба на која беа партиските функционери и претседателите на ограноците. Тој тогаш рече дека се горди на промената во албанскиот политички блок која ја направиле после две децении, но оти промените не биле доволни. Таравари најави дека ќе има уште една средба со премиерот Христијан Мицкоски.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: МицкоскиТаравари

НАЈНОВО

Студентите од Правниот факултет во Ниш поднесоа кривична пријава против Вучиќ поради посетата на пациенти од Кочани во УКЦС

May 14, 2025

Зеленски рече дека е подготвен за каков било формат за преговори за ставање крај на војната

May 14, 2025

Таравари: Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија бара премногу отстапки за да се стави крај на војната во Украина, изјави Џ. Д. Венс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неуспехот со уставните измени ја протресе удобноста на Мицкоски!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk