По првата полуфинална вечер, познати се првите финалисти на Евровизија!
Од 15 земји што настапија, само десет успеаја да обезбедат пласман во финалето.
1.Естонија
2. Албанија
3. Исланд
4. Холандија
5. Норвешка
6. Полска
7. Португалија
8. Сан Марино
9. Шведска
10. Украина
На сцената настапија и претставници од Италија, Шпанија и Швајцарија, иако тие не се натпреваруваа за пласман – овие земји веќе имаат обезбедено место во финалето.
Шпанија, Франција, Велика Британија, Германија и Италија се познати како „Големата петорка“ (Big Five).
Според правилата на Евровизија, овие земји секогаш се директно пласирани во финалето, бидејќи се најголемите финансиски поддржувачи на Европската радиодифузна унија (EBU), организаторот на натпреварот.
Директно во финалето е и Швајцарија, како земја-домаќин.
Втората полуфинална вечер е во четврток.
Големото финале ќе се одржува во Базел во Санкт Јакобсхале во сабота.