Победник на Евровизија 2025 е Австрија со песната „Wasted Love“, изведена од пејачот JJ. Тој освои вкупно 436 поени, комбинирајќи гласови од националните жирија и публиката ширум светот, на финалето одржано на 17 мај во Базел, Швајцарија.
„Wasted Love“ е емотивна поп-опера балада што зборува за болката од неузвратена љубов. Текстот користи метафори за да го изрази чувството на давење во емоции и напуштеност. Песната ја напишаа JJ, заедно со Thomas Turner и Teya (која ја претставуваше Австрија во 2023 година).
Ова е третата победа за Австрија на Евровизија, по претходните победи во 1966 и 2014 година.
Во финалето настапија 26 земји: 20 кои се квалификуваа преку двете полуфинални вечери и шесте директни финалисти, земјите од „Големата петорка“ (Франција, Германија, Италија, Шпанија и Велика Британија) и домаќинот Швајцарија.
Поврзано:
Евровизија 2025: Сè е подготвено за вечерва во Базел! Кои се фаворити?