Комплетната филмска фестивалската програма, фестивалските гости и сите пропратни настани за 15. јубилејно издание на Филозофскиот филмски фестивал ќе бидат претставени на денеска на прес-конференција со почеток во 12 часот во Центар Јадро во Скопје.
Програмата ќе ја претстават програмскиот директор на фестивалот Ѓорѓи Пулевски, како и членови на дел од фестивалскиот тим Љупчо Митковски, Виктор Јовановски и Андреј Медиќ Лазаревски.