Првото издание на фестивалот „БУКВАЛНО. ЏЕЗ“ почнува денеска во 17 часот во Културен центар „Буква“.
Како што соопштуваат организаторите, на отворањето ќе се одржи меѓу предавање на проф. д-р Владимир Мартиновски на тема „Џез: звук, слика, збор“ и изложбата „Џез“ на Диме Темков и Лучка Кошчак, кое ќе биде придружено со ритмички илустрации на Михаил Парушев, по што ќе следува вечерен џез концерт на Zulu 3.4.
Дополнително, на отворањето ќе бидат претставени новите „џез“ коктели, инспирирани од духот на фестивалот и создадени од локалната дестилерија В’К.
Фестивалот „БУКВАЛНО. ЏЕЗ“ ќе трае до 25 мај.