ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Извештајот на вработени во јавниот сектор ја прикажува реалната бројка

Дополнителната заменичка министерка Невенка Стаменковска Стојковски, немајќи докази за да ги побие објавените бројки во Извештајот на вработеи во јавниот сектор за 2019-та година го критикува временскиот период на кој се однесува Извештајот. Имено, согласно Законот за вработени во јавен сектор, донесен за време на ДПМНЕ, Извештајот се објавува „најдоцна до крајот на првото тримесечје во тековната година, за претходната календарска година”

March 31, 2020 17:21
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Дополнителната заменичка министерка Невенка Стаменковска Стојковски, немајќи докази за да ги побие објавените бројки во Извештајот на вработени во јавниот сектор за 2019-та година го критикува временскиот период на кој се однесува Извештајот. Имено, согласно Законот за вработени во јавен сектор, донесен за време на ДПМНЕ, Извештајот се објавува „најдоцна до крајот на првото тримесечје во тековната година, за претходната календарска година”.

Тоа го истакнува Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) во реакција на денешната изјава на Стаменковска Стојковски, и потенцира дека Извештајот објавен вчера, на овој начин се објавува од 2016.та година и временската рамка никогаш не била спорна.

Според МИОА, Извештајот покажува зголемување на бројот на вработени за 832 лица, односно за 0,6 проценти, споредено со 2018-та година. Бројка, што ДПМНЕ не може да ја прифати затоа што не одговара на нивните лажни проекции и дезинформации за илјадници нови вработени, кои изминатиот период ги пласираа во јавноста, стои во реакцијата.

ДПМНЕ, дополнуваат, продолжува да шпекулира и да презентира селективни информации, но кога од другата страна се соочуваат со анализи и извештаи кои се резултат на законски пропишани правила, единствено што им преостанува се хаотични тврдења. Дополнително, забораваат дека има вработени кои го напуштаат јавниот сектор и апсолутните бројки мора да бидат резултат на анализа и на новите вработени, но и на лицата кои се пензионираат или доброволно заминуваат во приватниот сектор, велат од МИОА.

Претходно Стаменковска Стојковски изјави дека  министерот Дамјан Манчевски со објавата на Извештајот официјално го потврдил она што се обидувал да го сокрие,  односно дека под водство на СДСМ државата достигна рекорден број на вработени во јавната администрација во својата историја.

 

Next Post

Уште седум македонски граѓани вратени од Перу во Европа

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

По Израел, САД втора земја што ја прескокна ревизијата на ОН за човекови права

November 7, 2025

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Данска ќе воведува минимална возраст од 15 години за одредени социјални мрежи

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 7 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk