ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Спасовски: Да помогнеме на работниците, да помогнеме на работодавачите и на тој начин да си помогнеме и самите на себе

Врвен приоритет на Владата е здравјето и животот на граѓаните и затоа голем дел од ресурсите ги насочуваме кон заштита на луѓето и намалување на ризикот од ширење на вирусот и на тој начин да бидеме поефикасни во делот на економијата, бидејќи колку побрзо ќе се стави под контрола, толку подобро ќе биде и за делот на економијата, изјави вечерва премиерот Оливер Спасовски

March 31, 2020 19:31
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА

Врвен приоритет на Владата е здравјето и животот на граѓаните и затоа голем дел од ресурсите ги насочуваме кон заштита на луѓето и намалување на ризикот од ширење на вирусот и на тој начин да бидеме поефикасни во делот на економијата, бидејќи колку побрзо ќе се стави под контрола, толку подобро ќе биде и за делот на економијата, изјави вечерва премиерот Оливер Спасовски.

Вториот сет на мерки, посочи тој, се за помош на реалниот сектор и на економијата, бидејќи е важно по завршување на кризата економијата да продолжи да функционира, но не ја исклучува можноста дека треба да има и дополнителни мерки.

– Во тој дел се насочени и овие мерки. Да помогнеме на работниците, да помогнеме на работодавачите и на тој начин да си помогнеме и самите на себе, како граѓани генерално, нагласи Спасовски, во емисијата Топ тема.

Посочи дека реакции и критики имало и ќе има, но сетот на мерките што денеска беа претставени нуди предвидливост и директна помош за компаниите да ги задржат работниците и да се оддржат во следните два месеци.

– Веројатно нема да бидат доволни овие пакет на мерки и ќе има потреба од носење на нови мерки. Ние како Влада сме сосема на чисто дека ќе го правиме во наредниот период. Објавивме прв сет на мерки и тогаш имаше реакции, па ги користат тие што најмногу им се потребни. Сега имаме втор сет на мерки, што сметаме дека ќе помогне во голема мера. Не исклучуваме дека треба да има и дополнителни мерки што уште повеќе ќе помогнат во делот на економијата, но притоа да не го занемариме здравството, здравјето и животот на граѓаните, изјави Спасовски гостувајќи на Топ Тема на телевизија Телма.

Ако има потреба од дополнителни мерки, посочи тој, согласно анализите и проценките во институциите владата ќе преземе мерки.

– Овие мерки се однесуваат за следните два месеци, под претпоставка дека ќе има намалување на здравствената криза и врз основа на тоа полека да почне да работи и економијата. Доколку тоа не се случува, тогаш ќе мора да имаме и нов сет на мерки. Владата е тука и ќе преземе се што треба, навремено за сите заедно да си помогнеме, изјави Спасовски.

Next Post

21: Помош за работниците и работодавачите, 200 милиони евра е стратешка одлука, Мицкоски тера политиканство, ситуацијата е сложена

НАЈНОВО

Филипче: Работиме на документ за национален консензус, Европската интеграција не смее да биде жртва на дневната политика

September 2, 2025

ЗНМ и ССНМ бараат целосно расветлување на сомнежите за прислушување на новинари

September 2, 2025

Муртезани: ЕУ е многу позаинтересирана за прием на нови членки

September 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Двегодишна затворска казна за напаѓачот на Данела Арсовска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Аманда Сејфрид ја позајми облеката на Џулија Робертс за Филмскиот фестивал во Венеција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Најочекуваните 12 ТВ серии што треба да ги гледате во септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Данил Медведев и тренерот Жил Сервара ја прекинаа осумгодишната соработка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хамилтон по Големата награда на Холандија: Тежок резултат, но се движиме во вистинска насока

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk