ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Грција ќе воведе затворска казна за нелегални мигранти

May 29, 2025 10:16
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Заострување на рамката за влез во Грција, зголемување на казните за оние кои нелегално влегуваат во земјата, криминализирање на нелегалниот престој во земјата по завршувањето на административната постапка, како и укинување на можноста за издавање дозвола за престој за оние кои седум години нелегално престојуваат во земјата, се дел од измените во новиот предлог-закон на Министерството за миграција и азил на Грција, според грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

Новиот предлог-закон вчера беше детално презентиран на владина седница, а грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, како што објави МИА, рече дека „казните ќе бидат построги за оние кои нелегално влегуваат или престојуваат во земјата ако нивното барање за азил е одбиено“.

Според АНА-МПА, за оние кои нелегално влегуваат во земјата, се предвидува зголемување на казната од три месеци на најмалку две години, доколу станува збор за потешки случаи од шест месеци на најмалку три години, а паричната казна може да достигне 10.000 евра.

Дополнително, нелегалниот престој во земјата по завршувањето на административната постапка, станува кривично дело за кое е предвидена казна затвор од најмалку три години, парична казна од 10.000 евра, без можност за одложување на казната, освен во случај осудениот државјанин на трета земја да избере доброволно да замине од Грција.

За доброволно заминување, пропишаните рокови ќе бидат намалени од 25 на 14 дена, како и намалување на продолжувањето на рокот за доброволно заминување од исклучителни причини од 120 на 60 дена, а ќе биде воведен и електронски надзор како рестриктивна мерка за време на рокот за доброволно заминување.

Новиот предлог-закон од Министерството за миграција и азил на Грција, се очекува кон крајот на јуни да биде доставен во грчкиот Парламент.

Tags: Грцијаказнанелегални мигранти
Next Post

Без вода корисниците на ул. „Радишанска“ поради дефект

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk