ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Нов состанок на Мешовита македонско-бугарска експертска комисија

Ова е петта средба на Комисијата оваа година, а до крајот на годината е предвидена уште една

October 15, 2019 08:38
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Нов состанок денеска во Охрид ќе одржи Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија. Членовите на Комисијата ќе продолжат онаму каде што застанаа минатиот месец на средбата во Софија – ќе расправаат за различни аспекти од прашањето за значењето на личноста и делото на Гоце Делчев во контекст на неговото значење за историското сеќавање на двата народа.

Македонските и бугарските експерти, како што потврдија за МИА од Комисијата, освен за изнаоѓањето начини за евентуалното заедничко чествување на Гоце Делчев, на осмата средба која се одржува денеска и утре ќе разговараат и за тоа како да се изнајдат заеднички препораки за подобрување на учебниците по историја кои го обработуваат средновековниот период и раноосманлискиот период.

Дискусијата за Делчев, минатиот состанок, како што тогаш кажаа за МИА од Комисијата, била исцрпувачка, но плодна и е направен мал напредок поради што членовите ги продолжуваат разговорите на темата.

Ова е петта средба на Комисијата оваа година, а до крајот на годината е предвидена уште една.

Од претходните средби до владите на двете земји се препорачани заеднички чествувања на св. Кирил и Методиј, св. Климент, св. Наум и цар Самуил, како и препораки за подобрување на учебниците по историја за шесто одделение во Република Северна Македонија и петти клас во Република Бугарија, кои се однесуваат на античкиот период од минатото.

Целта на состаноците, како што велат од Комисијата, е да се изврши денационализација и деполитизација на минатото. Комисијата е формирана на паритетна основа за решавање на историските и образовни отворени прашања, во согласност со член 8 став 2 од Договорот за добрососедство и соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија, потпишан на 2 август 2017 година. Има по седум члена од двете држави, претседател од македонска страна е Драги Ѓоргиев, а од бугарска Ангел Димитров – првиот амбасадор на Бугарија во земјава.

Премиерот Зоран Заев вчера имаше средба со македонските историчари, членови на Комисијата. Разговорите беа во рамки на тековните консултации во однос на работата на Комисијата пред денешната средба со нивните бугарски колеги во Охрид. На средбата беше истакнато дека Владата останува посветена на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, како и на негувањето на дијалогот и градење на заеднички консензус за сите прашања од делокругот на работа на Комисијата.

Извор: МИА

Next Post

Неизвесно до самиот крај за почеток на преговори, државниот врв останува оптимист

НАЈНОВО

Во 3 часот по полноќ почнува зимското сметање на времето

October 25, 2025

Објава на Захарова, некритички пренесена во македонски медиум: класичен пример на пропаганда и историски ревизионизам

October 25, 2025

Скопје Air Fair во Градски парк

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 25 и 26 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk