ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Трет ден протест на дел од медицинскиот персонал и техничка служба од Клиничка болница Тетово

June 3, 2025 13:49
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Трет ден по ред дел од медицинскиот персонал и техничка служба од Клиничка болница Тетово одржаа јавен собир и протест револтирани за две неисплатени плати и поради тоа што не им беше овозможено да добијат нови договори за дело. Тие воедно бараат да се најде решение за вработување на неопределено време.

На денешниот протест тие багласија дека ќе мораат да најдат нови работни места доколку проблемот не се реши во скоро време.

На прашањата дали намалувањето на бројот на оние што протестираат се должи на притисоци велат дека не знаат.

– Индивидуално е, јас сакав да дојдам и дојдов. Ако не се слушне нашиот проблем, не знам што да кажам, може да излеземе од работа, да си седиме дома. Толку, се откажуваш веќе. Трпението и истрајноста има лимит. Јас лично ќе се откажам, рече Магдалена Велковска.

Ивона Неделковска исто така посочи дека треба да се најде итно решение за нивниот статус, а во спротивност да си бараат друга работа.

– Заменливи сме сите, значи никој не е незаменлив за жал, тоа беше информацијата и образложението од директорот, а ако сме ние заменливи, значи може на време да ни кажат заменливи, одите, нема да добиете ништо, а не вака заменливи сте, ама седите на работа. Јас ја напуштам работата затоа што сум фамилијарен човек. Не може моето семејство да трпи за да одам јас на работа без пари, не само јас, туку и сите колешки и мислам дека требаше сите да се дигнат сега на глас, а не да се одзади да слушаат, рече Ивона Неделковска.

Повторно во име на раководството на Клиничка болница Тетово, со новинарите разговараше главната сестра на клиничка болница, Линдита Заими. Таа им порача на колешките да формираат работна група, но воедно вели дека проблемот со договорите на дело не е само во тетовската клиничка болница.

– Не е нешто што зависи од нас, оваа ситуација не е само во Тетово, туку е низ целата земја. Очекуваме трајно решение, а не краткорочно. Верувам дека ќе се реализира, ќе продолжиме да ги следиме барањата до министерството и денес, како и секој ден. Ова се проблеми наследени од претходно, изразуваме подготвеност и волја да го решиме нивниот проблем. Работата на конкурсот и одлуките е на повисоко ниво. Секој ден ги чекавме одлуките и конкурсот, но не се реализираше. Сега ја чекаме одлуката на новиот министер, рече Линдита Заими.

Tags: Клиничка болница Тетовомедицинскиот персонал и техничка службапротест
Next Post

Општинскиот инспекторат ја евидентирал големата прашина поради рушење објект низ Тетово, Касами најави постапка

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk