Поради водоводен приклучок од ф 80мм на ул.„Борка Талевски“ бр 3, утре без вода ќе останат корисниците на дел од улиците „Борка Талевски“, „Никола Тримпаре“ и „Дебарца“ во општина Карпош.
Водоснабдувањето, како што соопшти РЦУК Скопје, ќе биде прекинато од 8:30 часот до завршување на интервенцијата.