Изборен систем од една ИЕ е погоден за сите граѓани, но мора да има изборен праг од 5 проценти, изјави за Фронтлајн, политикологот Ќани Нухиу. Во врска со гласањето на дијаспората, тој вели дека дијаспората треба да гласа електронски, што според него е поефикасен, поевтин и покредибилен систем,
– Изборниот систем со една ИЕ е погоден за сите граѓани, без оглед на етничката или друга припадност. Сепак, мора да има изборен праг, бидејќи ако нема праг, криминалните групи можат да влезат во парламентот со 300 гласа. Во некои земји тој е 3 проценти, во некои пет, во некои седум, додека во повеќето земји е 5 проценти. Според моето лично и професионално мислење, мислам дека прагот треба да биде 5 проценти, изјави Нухиу за Фронтлајн.
Според него, најефикасното и најсигурното гласање за дијаспората би било електронскиот систем за гласање.
– Ова е најбезбедната верзија, секако, да се има и контрола, а не манипулирање со технологијата. Додека другата верзија со три изборни единици во дијаспората, во Македонија, се покажа како многу неефикасна. Во Албанија, гласањето на дијаспората по пошта, исто така, се покажа како неефикасно. Значи, логиката води кон електронско гласање. Поефикасен, поевтин и покредибилен систем, ако може да се обезбеди тоа, подвлече тој.
Д. Јонузи
Поврзано: