ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Општина Крива Паланка го најави „Кривопаланечко културно лето“ со над 60 настани

June 13, 2025 12:04
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Општина Крива Паланка го најавува почетокот на „Кривопаланечко културно лето“ 2025, опсежна културна програма со над 60 настани и содржини наменети за сите генерации, што има за цел да ја плени публиката од целата држава и поширокиот регион, дополнително поттикнувајќи го културниот туризам во градот, се наведува во соопштението од Општина Крива Паланка.

Културната програма во Крива Паланка за ова лето со над 60 настани започнува на 19 јуни.

-Програмата ќе биде отворена на 19 јуни со атрактивното стенд-ап шоу на неповторливиот Сашко Коцев, што ќе се одржи во Националната установа Центар за култура, Крива Паланка, а предвидената летна културна програма нуди атрактивни содржини за сите генерации: концерти, изложби, литература, уметност, џез, поп-рок музика, фолклор, гастрономија, понуда, за која, веруваме, ќе се бара место повеќе за присуство и ќе приреди незаборавно уживање за публиката од државата и регионот, велат од општината.

Посочуваат дека успешната и одлична културно-туристичка промоција на градот за време на манифестацијата „Крива Паланка-Град на културата за 2024“, со реализирани над 150 настани што првилекоа огромен број посетители и туристи во градот, и годинава летната културна програма е креирана пред сè со атрактивни содржини за граѓаните од сите генерации, но и со цел да се поттикне културниот туризам во градот, што дефинитивно изминатите неколку години успешно го прави општината и Крива Паланка ја поставува високо на мапата дестинации за кутурен туризам во државата.

-Кривопаланечко културно лето“ и годинава ги интегрира традиционалните: детски фолкорен фестивал „Паланачка тројка”, „Вечер на Осоговски песни” во јули, како и централните августовски програмски содржини што се одржуваат во периодот на празнувањата во градот посветени на патрон-светецот на Крива Паланка, Свети Јоаким Осоговски:  Меѓународен фолклорен фестивал „Св. Јоаким Осоговски”, од 25 до 27 август, триденевниот фестивал на занаети и ракотворби „Шопско село“, што ќе се одржат на градскиот плоштад, музички концерт и „Фестивал на храна“на 29 август , што ќе понуди одлична можност за дегустација на вкусни традиционални македонски јадења, автентични за кривопаланечкото поднебје, а програмата ќе се заокружи на 30 август  со препознатливиот музички фестивал  „Џојфест” што и годинава ќе донесе настап на познати музички ѕвезди од регионот, информираат од службата за комуникација со јавност на Општина Крива Паланка.

Во севкупната програма предвидени се бројни настани и за најмладата публика, со атрактивни атристи, жонглери, кловнови, пантомимичари, како и детски претстави на отворената летна сцена во градскиот парк и плоштад.

Од општината  упатија покана до сите љубители на добра музика , уметност и секако, на добра храна, чист воздух и убава природа, по што е позната Крива Паланка, да бидат гости на градот ова лето, кога се очекува една од најеколошки-чистите и најуредените мали општини во државата, да биде неодминлива дестинација за бројни посетители и туристи.

„Кривопаланечко културно лето“ се организира во соработка со институциите од областа на културата, ЛУ Градски музеј и НУ Центар за култура, Крива Паланка.

Tags: Кривопаланечко културно летоОпштина Крива Паланка
Next Post
Фото: Роман Шеремета пост на Фејсбук

Елон Маск и Евгениј Пригожин: Различни континенти, исто сценарио

НАЈНОВО

Фото: Фронтлајн, генерирано со ВИ

Дали витамин Ц навистина спречува настинка?

November 18, 2025
Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

November 18, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Украински борбен робот сам бранел позиција цели шест недели

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот, видео Јутјуб

    (ВИДЕО) Софи Трудо за Џастин и Кејти Пери и како се справува со тоа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 17 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали е штетно да се пие вода додека јадеш?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk