ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Спасовски: Ако банките го гледаат само својот интерес, со уредба ќе ги замрзнеме кредитите

„Очекувам дека менаџментот на банките во овој момент нема да го гледа само сопствениот интерес и профит, дека малку ќе погледнат и кон граѓаните и кон државата. Секако, ако тоа не се случува и ако јас и државата не гледаме дека тие сакаат да бидат солидарни, тогаш уредбата со законска сила во секој момент може да биде донесена и да видиме што треба да направиме во банкарскиот систем“, рече премиерот Спасовски.

April 2, 2020 13:58
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

По понудените решенија за одложување на кредитите, техничкиот премиер Оливер Спасовски вели дека чекаат да видат какви ќе бидат ефектите.

Тој, одговарајќи на новинарско прашање не ја исклучи можноста од донесување на уредба за замрзнување на кредитите доколку банките го гледаат само својот интерес.

„Очекувам дека менаџментот на банките во овој момент нема да го гледа само сопствениот интерес и профит, дека малку ќе погледнат и кон граѓаните и кон државата. Секако, ако тоа не се случува и ако јас и државата не гледаме дека тие сакаат да бидат солидарни, тогаш уредбата со законска сила во секој момент може да биде донесена и да видиме што треба да направиме во банкарскиот систем“, рече премиерот Спасовски.

Во разговори со Народната банка и до комерцијалните банки, Спасовски вели заеднички нашле механизми за одложување на кредитите.

„Банкарскиот систем е стабилен и тоа е многу важно во оваа криза, за секоја држава. Ние можеме да се пофалиме дека во регионот имаме еден од постабилните банкарски системи. Затоа преземаме мерки кои ќе го одржат тој банкарски систем стабилен на ова ниво кое што е денеска и кое може да биде за помош на државата и на граѓаните. Понудени се неколку решенија, очекуваме да видиме какви ќе бидат ефектите“, рече Спасовски.

Дел од банките кај корисниците на нивните услуги испратија модел за одложување на кредитите до шест месеци, но сите известија дека за периодот во кој ќе бидат одолжени кредитите ќе се пресметува камата, иста како онаа во договорите.

Министерката за финансии, Нина Ангеловска, вчера извести дека каматите не можат да бидат простени или укинати токму поради одржување на стабилноста на банкарскиот систем.

Next Post

15: Работниците да не потпишуваат спогодби за отказ, ЕК ја подготвува преговарачката рамка за Северна Македонија, вознемирувачко видео ја разбуди земјава

НАЈНОВО

Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

August 15, 2025

Собранието закажа итна седница за измени на Изборниот законик, иако изборите се веќе распишани

August 15, 2025
Фото: ЕПА/МИА

Јулија Навалнаја до Путин: Ослободете ги сите политички затвореници

August 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • MРАЧЕН МЕДИУМСКИ ПЕЈСАЖ (2): Главен уредник – Александар Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Уапсени демонстранти во Нови Сад на колена, со лисици и главите потпрени на ѕидот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уште еден отказ на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од социјалните мрежи до коридорите на моќта: Престанете да ѝ кажувате на Украина да отстапи земја, почнете да ѝ кажувате на Русија да ја врати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карл Билд: Ако Трамп сака може да ја врати Алјаска на Русија, но нема никакво право да тргува со територијата на која било друга нација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk