ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

15: Работниците да не потпишуваат спогодби за отказ, ЕК ја подготвува преговарачката рамка за Северна Македонија, вознемирувачко видео ја разбуди земјава

Актуелни вести во последните три часа.

April 2, 2020 14:01
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Спасовски: Нема драстично зголемување на невработеноста, работниците да не потпишуваат спогодби за раскинување на работните односи. Има закон за работни односи кои ги штити, постојат две опции да не одат на работа, но да користат придобивки од законот за работни односи. Дали е тоа 70 или 50 отсто од плата зависи од критериумот кој се зема во предвид, рече Спасовски.

Писонеро: ЕК ја подготвува преговарачката рамка за Северна Македонија и Албанија. -Комисија сега ги подготвува предлозите за преговарачките рамки за Северна Македонија и Албанија, кои ќе ги одразуваат принципите врз кои се темелат преговорите. Комисијата планира да ги презентира заедно со извештаите за проширувањето, изјави за МИА Писонеро.

Петров: Со мерките на Владата се помагаат 250 илјади работници и 35 илјади компании. Со овој пакет ќе се ублажи економскиот удар од корона вирусот и ќе им се помогне на граѓаните, на работниците, на компаниите, на сите на кои им е загрозена финансиската состојба.

Нови 30 случаи со корона вирус, вкупно 384. Во изминатото деноноќие направени се 342 теста од кои 177 преку Институтот за јавно здравје, 20 преку Ветеринарен факултет, 21 преку Авицена, 24 преку Биотек, 100 преку Клиниката „Жан Митрев“. Досега се направени вкупно 4.117 тестирања на Ковид-19, информираат од Министерството за здравство.

Поставена мобилната болница до Инфективната клиника. Моделот на третман и лекување на тешките и средно тешките пациенти во институции каде има специјалисти по инфективна медицина, во комбинација со домашното лекување е модел на пристап кон пациентите со коронавирус што се применува во Германија и се покажува како солиден и може да се аплицира во нашата земја, потенцираат од Министерството за здравство.

Насилници брутално претепаа девојче од Штип, крајно вознемирувачко видео се шири на социјалните мрежи, бурна реакција во јавноста.

Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ манипулира дека е паднат кровот на привремената болница. Манипулацијата со „паднатиот кров“ ја преземаат и објавуваат неколку портали и телевизии и експресно брзо се шири на социјалните мрежи. Во овој случај посебно е интересно тоа што од приложената фотографија на Арсовски, сите јасно можат да видат дека не се работи за паднат кров, туку дека снегот кој обилно паѓал во утринските часови го натежнале кровот на шаторите.

„Еурактив“: Зачленувањето на Северна Македонија во НАТО ја налути Русија. Порталот наведува и дека руското Министерство за надворешни работи излегло со иронични коментари на изјавите на министерот за надворешни работи Никола Димитров дека и покрај вонредната состојба во земјава, македонските лидери сепак одвоија време да го одбележат историското значење на зачленувањето во НАТО, што, како што нагласи шефот на дипломатијата, ќе обезбеди стабилност и безбедност на државата и претставува исполнување на „заветот на нашите татковци и дедовци“.

Next Post

Слободните синдикати и МЗЗПР со предлог деновите од 4 - 20 април да бидат неработни

Најново

Фото: Скриншот, видео Х

(ВИДЕО) Американските маринци пресретнаа брод во Арапското Море поради блокадата на Иран

April 29, 2026
Фото: Скриншот, видео Х

(ВИДЕО) Израелската армија уништи подземни тунели на Хезболах во јужен Либан

April 29, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дневен хороскоп со Анаис (29 април): Активирање на хармонијата и партнерските односи

April 28, 2026

ИСТРАЖУВАЧКО ДОСИЕ НА ЦИВИЛ: Кримското поглавје на руската пропаганда, низ дејствувањето на негиран „виш советник“ на Левица

April 28, 2026

Оставете нè да ви принесуваме убавина, се угушивме во грдотија

April 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk