ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ирански медиуми: Главната цел на утринскиот напад врз Израел беше седиштето на Командата и разузнавачката служба на ИДФ

June 19, 2025 10:37
in ДЕНЕС, СВЕТ

Главната цел на утринскиот ирански напад врз Израел беше седиштето на Командата и разузнавачката служба на ИДФ, како и разузнавачкиот камп на армијата во технолошкиот парк Гав-Јам, кој се наоѓа веднаш до болницата, објавија иранските медиуми.

Во овие центри се распоредени илјадници израелски воени сили, како и системи за дигитална команда и сајбер операции, наведува иранскат агенција Тасним.

Иран ги негира извештаите на израелските медиуми дека иранскиот напад погодил болница, наведувајќи дека е погодена локацијата каде што се распоредени израелски војници.

Претходно, медицинската служба Маген Дејвид Адом (МДА) соопшти дека израелска болница во Бершеба е погодена утринава во најновиот ирански напад со балистички ракети врз Израел, и дека најмалку 25 лица се повредени во нападите низ целата земја.

Освен Бершеба, ракетите ги погодија и Тел Авив, Рамат Ган и Холон, предизвикувајќи голема штета, објави „Тајмс оф Израел“.

Едно лице е сериозно повредено, а речиси дваесет други се полесно повредени во напад со балистичка ракета во Холон, според МДА.

Израелските медиуми објавија дека иранска балистичка ракета ја погодила болницата Сорока во Бершеба, додека сирените се огласиле низ Израел по рафалниот оган лансиран од Иран.

Портпаролот на болницата Сорока изјави дека е предизвикана штета во самата болница, како и голема штета во други области.

Гласни експлозии се слушнале низ централен Израел, а пријавени се и неколку други места каде што е извршен директен удар.

Најмалку 25 лица се повредени во нападите низ целата земја, соопшти МДА.

Околу 20 ракети биле лансирани од иранска територија, објавија израелските медиуми.

Next Post

Силни експлозии во областите на Ерусалим и Тел Авив

НАЈНОВО

ДИК го утврди упатството за утврдување на цените за платено политичко рекламирање во медиумите за локалните избори

August 9, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Инцидент за време на протестот во Кочани: Возило им го пресекло патот на родителите на загинатите

August 9, 2025

ДИК го усвои календарот за локалните избори: Поднесување листи на кандидати до 13 септември, кампањата ќе почне на 29 септември

August 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Окупација во 45 слики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал во Демир Хисар – Адвокатот Стеваноски: Еве како се менува доректорка на средно училиште пред распишување на избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Инцидент за време на протестот во Кочани: Возило им го пресекло патот на родителите на загинатите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина новинарката Јулијана Тануровска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Локални избори – шанса за поправен испит за нашата зрелост како нација и држава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk