ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Недела на Франкофонски филм од 23 до 30 јуни во Кинотека

June 19, 2025 12:48
in ДЕНЕС, КУЛТУРА

Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција, во соработка со Амбасадите на земјите членки на Меѓународната организација на Францоконијата: Грција, Бугарија, Швајцарија, Романија, Северна Македонија, Албанија, Белгија , Франција и Канада) и годинава ја организираат традиционалната Недела на франкофонски филм, којашто ќе се одржи од 23 до 30 јуни 2025 година, во Кинотеката на Северна Македонија.

Официјален партнер на Неделата на франкофонски филм е Зегин.

Манифестацијата ќе започне в понеделник, 23.06.2025, со почеток во 20 ч., во Кинотеката на Северна Македонија, со проекцијата на филмот „Ривиера“, на Орфеас Перецис, во француска и грчка копродукција. Настанот ќе го отворат г-ѓа Кристина Василату, Вршителка на должност во Амбасадата на Грција во Северна Македонија, и г. Иго Бештел, Директор на Францускиот институт во Скопје и Советник за култура и соработка во Амбасадата на Франција.

Следат проекциите на:

Вторник 24 јуни, од 20 ч., „Странецот“, на Ники Илиев, во организација на Амбасадата на Бугарија и Бугарскиот културно-информативен центар;

Среда 25 јуни, од 20 ч., „Куче на суд“, на Летисија Дош, во организација на Амбасадата на Швајцарија;

Четврток 26 јуни, од 20 ч., „Таа Нова година што никогаш не дојде“, на Богдан Мурешану, во организација на Амбасадата на Романија;

Петок 27 јуни, од 18 ч., „Убиј ги прво децата“ на Димитар Оровчанец, во организација на Кинотеката на Северна Македонија;

Петок 27 јуни, од 20 ч., „Слогани“ на Ѓерѓ Џувани, во организација на Амбасадата на Албанија;

Сабота 28 март, од 18 ч., „Вереницата на поетот“ на Јоланда Моро, во организација на Амбасадата на Белгија во Софија,

Сабота 28 јуни, од 20ч., „Вашите лица секогаш ќе ми бидат пред очи“, петкратен добитник на наградите Цезар, на Жана Ери, во организација на Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција;

Понеделник 30 јуни, 20ч., затворање на Неделата на Франкофонскиот филм, со проекција на филмот „Ру“, на Шарл-Оливие Мишо во организација на Амбасадата на Канада во Белград.

Сите филмови се со превод на македонски јазик, а за дел од филмовите од нефранкофонско говорно подрачје обезбеден е и превод на француски јазик.

Влезници за проекциите се резервираат и се подигнуваат во Кинотеката.

Tags: КинотекаФранкофонски филм
Next Post

СДСМ: Дали парите за рекет од Пулс завршувале кај ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски?

НАЈНОВО

Трамп, европски лидери. Фото: Скирншот, АП

Што истакнаа Трамп, Зеленски и европските лидери на заедничкиот состанок

August 18, 2025

Николоски: На крајот од мандатот на оваа Влада, Македонија ќе биде лидер во инфраструктура во регионот

August 18, 2025
Фото: ВИ

(ВИДЕО) Трамп вели дека планира да му се јави на Путин по денешните разговори

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истражување: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk