Израелскиот министер за одбрана Израел Кац вели дека врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, „веќе не може да се дозволи да постои“ откако болницата Сорока беше погодена за време на ирански ракетен напад, според локалните медиуми и новинската агенција АФП, пренесува Би-би-си.
Во разговор со новинарите во Холон, во близина на Тел Авив, Кац наводно рекол:
„Хамнеи отворено изјавува дека сака Израел да биде уништен, тој лично дава наредба за пукање врз болниците.
„Тој го смета уништувањето на државата Израел за цел… На таков човек повеќе не може да му се дозволи да постои“.
Претходно, иранските државни медиуми соопштија дека главната цел на ракетниот напад утрово била воена локација веднаш до болницата Сорока, а не самата болница.
Д. Мишев / Цивил Медиа