ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Обвинителство бара укинување на куќниот и определување ефективен притвор и за поранешниот организациски директор на „Онкологија“ Нухи, тој вели дека е невин и нема да бега

June 20, 2025 16:06
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Апелациониот суд во Скопје денеска се одржа јавна седница по жалбите на мерката „куќен притвор“ за поранешниот организациски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи за случајот „Онкологија“. Обвинителството бара укинување на куќниот и определување ефективен притвор, поради опасност од бегство, додека Нухи вели дека е невин и побара од судот да се брани од слобода.

Судијката Весна Димишкова, образложувајќи го предметот рече дека првостепениот суд при одредување на мерката притвор од 30 дена ценел дека во моментот на одлучување присуството на осомничениот може да се обезбеди со мерка куќен притвор.

Јавната обвинителка Фатиме Фетаи, објаснувајќи го предлогот за ефективен притвор рече дека притвор не се определува само ако постои бегство надвор од Македонија, туку и ако постои опасност од криење на осомничениот на територија на државата.

-Имајќи го предвид видот, карактерот и последиците од кривичните дела кои му се ставаат на товар и дека е оштетен буџетот во висина од 2.2 милијарди денари постои оснивано сомневање дека може да се даде во бегство. Сметаме дека постои основ за определување на мерка притвор, изјави Фетаи.

Обвинетиот Нехат Нухи пред судот рече дека е татко на три малолетни деца, со мајка што има навистина сериозно нарушување на здравјето и дела активно работи како адвокат и има предмети.

-И хипотетички, јас никогаш не би се дал во бегство, затоа што верувам дека сум невин и ќе се борам до крај правдата да биде задоволена и за мене да има ослободителна пресуда, изјави Нухи.

Неговата адвокатка Анита Бегова, во однос на зголемениот ризик за определување мерка притвор, рече дека против Нухи имаме обвинителен акт, кој може да биде и одбиен и дека целта за барање ефективен притвор е само да не може да подготви квалитетна одбрана.

-Претходно имаме искуство со мерки кои Нухи доследно година и пет месеци целосно ги испочитува. Не постои основ дека делото ќе го повтори, затоа што не е повеќе директор. Има три деца, и се грижи за својата мајка. Не е имотен за да си прушти бегство и криење во странство, изјави Бегова.

Претходно денеска во Апелациониот суд во Скопје се одржа јавна седница и по жалбите на мерката „куќен притвор“ за поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев. Обвинителството побара укинување на куќниот и определување ефективен притвор, додека Васев побара од судот да се брани од слобода.

За предметот „Онкологија“, Основното јавно обвинителство поднесе две обвиненија со кои се опфатени двајцата поранешни директори на Клиниката и четворица доктори онколози. Нехат Нухи, како поранешен организациски директор на Клиниката за онкологија е обвинет за „злоупотреба на службената положба и овластување“, „измама во службата“ и „проневера во службата“.

Повеќето од дејствијата, како што информира тогаш на прес-конференција предметната обвинителка Ана Гоговска Јакимовска, првообвинетиот Нино Васев во својство на службено лице директор и второобвинетиот Нехат Нухи, како организациски директор, ги извршиле во соизвршителство во временски период од 2018 до 2022 година.

-Кривичното дело „Злоупотреба на службената положба“ го извршиле со пречекорување на границите на своето службено областување и не ја извршиле својата службена должност во постапките за набавка на лекови, постапувајќи спротивно на Законот за здравствена заштита, Законот за здравствено осигурување, статутот на Клиниката, Законот за буџетите и Законот за јавни набавки, рече Гоговска Јакимовска.

Двајцата се обвинети за продолжено кривично дело „Измама во службата“, така што во вршење на својата службена должност со намера за друг да прибават противправна имотна корист, создале противправна обврска и го довеле во заблуда Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) да изврши незаконита исплата. На тој начин, Гоговска Јакимовска рече задобувачите на лекови прибавиле значителна корист во износ од над 430 милиони денари.

Со ваквите дејствија, обвинителката посочи дека тие прибавиле значителна имотна корист за друг и нанеле штета на државниот Буџет во вкупен износ од над 2,2 милијарди денари

Tags: обвинителствоонкологија
Next Post

ЕУ: Секоја одлука за изградба на мостови преку реката Ибар мора да се донесе со учество на сите заедници

НАЈНОВО

Скриншот

Шефот на „Гугл“ предупредува за „ирационалност“: Ниедна компанија не е имуна ако пукне балонот со вештачката интелигенција

November 18, 2025

Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

November 18, 2025
Скриншот

Голем пожар го зафати небодерот на „Вјесник“ во Загреб

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Софи Трудо за Џастин и Кејти Пери и како се справува со тоа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со д-р Благица Петрески: Буџетот за 2026 година е изграден врз нереално високи проекции на приходи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk