ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Министерот Муцунски на Самитот на НАТО во Хаг

June 24, 2025 11:14
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Влада РСМ

Фото: Влада РСМ

Share on FacebookShare on Twitter

На покана на Генералниот секретар на НАТО, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска и утре ќе учествува на Самитот на НАТО во Хаг, како дел од државната делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, соопштија од Министерството.

На првиот ден, министерот Муцунски ќе учествува на работната вечера во форматот Совет НАТО–Украина, заедно со министрите за надворешни работи на земјите членки, украинскиот министер Андреј Сибиха и високата претставничка на Европската Унија и потпретседателка на Европската комисија, Каја Калас.

Паралелно, на денеска и утре ќе се одржи НАТО јавниот форум – висок дипломатски настан со учество на државници и експерти, посветен на клучните безбедносни предизвици.

На вториот ден, по покана на Генералниот секретар на НАТО, министерот Муцунски ќе учествува на панел-дискусија за лидерството и улогата на младите во справување со современите безбедносни ризици, како и заложбата за инклузивна и одржлива безбедносна политика.

Истата вечер, министерот Муцунски, како дел од државната делегација, ќе учествува на состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади, на кој ќе се усвојат одлуки и насоки за дејствувањето на Алијансата во актуелниот безбедносен контекст.

По завршувањето на формалниот дел од Самитот, на покана и во организација на Atlantic Forum, министерот Муцунски ќе учествува на настан посветен на клучните одлуки од Самитот во Хаг, со фокус на рамноправната распределба на одговорностите меѓу сојузниците, јакнењето на индустриското производство во одбраната и дигиталните иновации во поддршка на одбранбените капацитети на НАТО.

Tags: МуцунскиХаг
Next Post
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Годишeн извештај: Обвинителствата во 2024 постапувале против вкупно 37.255 сторители на кривични дела

НАЈНОВО

Ѓорѓиевски: Ќе направиме генералка во цело Скопје во првите 72 часа

October 23, 2025

Стармер: Балканот е европско искушение – котел што безбедноста ја става на тест

October 23, 2025

Колумна на Дерала од ЦИВИЛ во престижниот Voxeurop: Единството на Босна под закана од хибридната дестабилизација на „српскиот свет“

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 22 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Д-р Пановски: Внимание, стаорците нема да чекаат втор круг на избори!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk