Ен Тајлер, американска авторка на романи, позната по „Часови по дишење“ и често нарекувана „втората Џејн Остин“ со продадени над 11 милиони копии од своите книги, вели дека таа и без карантинот живее доста повлечено.
„Може да се рече дека секако живеам во карантин.“ – вели Ен.
Таа не очекувала да се смени нејзиниот начин на живот во Балтимор со доаѓањето на корона вирусот, но сепак вели дека сега е „поинаку“.
„Цврсто верувам дека треба да ги оставиме работите да застарат пред да пишуваме за нив. Со други зборови, јас никогаш немам пишувано за Светскиот трговски центар, а искрено и немам прочитано некои добри книги за тоа. Но, можеби за 20 години ќе има некоја добра книга на таа тема“ – вели Тејлор.
„Претажно е да се шеташ секое утро и да гледаш деца како одат на училиште, а сега ги нема.“ – додава Ен.
А. Н. С.
Извор: BBC