ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Гаши: Би сакал да одиме на избори без примедби од граѓани дека некој би се чувствувал нефер во битката за градоначалник или советник

June 26, 2025 14:12
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

За кандидатите кои сакаат да бидат дел од независните листи има едно решение кое Уставниот суд го укина, по што политичките партии предложија ново решение. Како што знам, тие не се сложуваат со тоа решение, се очекува овој Закон да се донесе, ако не се донесе, има опција тој да биде повлечен и да се седне со нив да се разговара за сите страни да бидат задоволени, изјави денеска претседателот на Собранието Африм Гаши по неформалната средба со новинарите во законодавниот дом.

Измените во Изборниот законик, според Гаши, треба да бидат донесени така што би биле задоволени граѓаните кои сакаат да влезат во трката за градоначалник или советник во одредена општина, бидејќи, како што рече, неговата волја е претстојните локални избори да се одржат без примедби од граѓани кои би се чувствувале нефер во изборниот процес.

– Се очекува овој Закон да се донесе, ако не се донесе, има опција тој да биде повлечен и да се седне со нив да се разговара за сите страни да бидат задоволени. Јас би сакал да одиме на избори без никакви примедби од кој било граѓанин дека некој би се чувствувал нефер во битката да се стане градоначалник или советник во одредена општина, рече Гаши.

За тоа колку потписи се потребни за кандидатура, Гаши рече „ова е комплексно прашање, не очекувајте од мене концизен одговор, не зависи од мене“

– По одлуката на Уставен суд, пратеничките групи во Собранието разговарале за тие препораки и изготвиле ново решение. Јас се видов со претставниците на невладините организации и со независните советници, кои не се согласуваат со новото репение. Ова им го посочив на координаторите на пратениките групи, но, тие сметаат дека новото решение е во согласност со препораките на Уставниот суд, рече Гаши.

Во врска со внатрепартиските релации во Влен, тој истакна дека се одлични и сѐ што се пласира во јавноста околу некакви проблеми и несогласувања, нагласи дека не е точно и е дел од дневната политика.

– Релациите внатре во Влен се одлични и се работи за локалните избори во многу позитивна атмосфера. Сѐ што се пласира во јавноста околу некакви проблеми и несогласувања не е точно и е дел од дневната политика во која не би сакал да се вовлечам, рече Гаши.

На прашање поврзано со договорите во Влен и распределбата по однос претстојните локални избори, Гаши вели нема внатрешна битка во Влен за тоа кој од која партија доаѓа и се гледа да се кандидираат најдобрите. За тоа дали има конечна распределба која партија колку би добила по локалните избори, тој рече „среќа тоа го решаваат граѓаните, а не политичките партии“.

– Нема никаков проблем, има многу позитивна атмосфера и принципиелно се разговара. Се гледа да се кандидираат најдобрите кандидати, нема внатрешна битка за тоа кој од која партија е. Така што, кога има позитивен амбиент убеден сум дека крајот ќе биде позитивен … За среќа кој колку би добил решаваат граѓаните, а не политичките партии. Тоа е многу добро. Ние може да се сложиме кој ќе се кандидира и каде. Претходно кажав дека во позитивна атмосфера кога не се во битка партиите лесно е да се дојде до договор, ако принципиелно сакате да биде најдобриот, најпочитуваниот, оној којшто најдобро стои на анкетите или општо е прифатлив од страна на коалиционите партнери, рече Гаши.

Tags: Гаши
Next Post

Уставниот суд укина одредби од Методологијата за Пописот, ќе нема веќе „резидентно“ и „нерезидентно“ население

НАЈНОВО

Фото: Профил на Х, Карл Билд

Карл Билд: Каква порака сака да испрати Лавров  кога се појави во Алјаска со маица на СССР?

August 15, 2025

Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

August 15, 2025

Собранието закажа итна седница за измени на Изборниот законик, иако изборите се веќе распишани

August 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Уапсени демонстранти во Нови Сад на колена, со лисици и главите потпрени на ѕидот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • MРАЧЕН МЕДИУМСКИ ПЕЈСАЖ (2): Главен уредник – Александар Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уште еден отказ на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk