ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Клековски: Скапата биолошка терапија ја има на Онкологија, за двата генерички лека што ги немаат дистрибутерите, има соодветна замена

July 1, 2025 16:06
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО
онкологија
Share on FacebookShare on Twitter

Скапата биолошка терапија ја има на Онкологија, за двата генерички лека што ги немаат дистрибутерите, има соодветна замена. Ова го истакна денеска директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, одговарајќи на новинарски прашања, по денешната прес-конференција.

Во моментов имало недостаток од два генерички лекови на клиниката, едниот бил за широка употреба за повеќе состојби на рак, а едниот за дел пациенти со рак на белите дробови.

Ги немало, не поради ненавремена набавка, туку поради тоа што ги немало кај дистрибутерите, не биле биолошки и не биле скапи, ги произведувале повеќе производители, ќе пристигнеле, а во меѓувреме на Клиниката за онкологија имало други лекови како замена, од кои едниот дури и од истиот производител, но нова генерација.

– Ниеден од скапите биолошки лекови, во моментов не недостасува, подвлече Клековски, повикувајќи медиуми и политичари, да не создаваат притисок и несигурност врз пациентите, со вести за недостаток од лекови.

Тој истакна дека во моментов и во иднина, не смее да има недостаток од лекови. Профункционирала комисијата за позитивна листа и се работело на тоа, се правеле анализи за да се види, што уште може да се додаде на оваа листа. Многу набрзо, уште во текот на летото, ќе имале одлука и за тоа.

– Тоа што ние можеме да го направиме е да го зголемиме финансирањето на Општата болница во Кочани. Јас мислам дека баш за дел од производите, тесните грла се надминати и дека набавките ќе влезат во одреден континуитет и нема да има проблеми. Во процес сме на анализа на барањата на болницата за вработувања и зголемувања на буџетот и многу набрзо тоа, исто така, ќе биде решено, одговори тој на новинарско прашање, околу реакции на пациенти повредени во пожарот во Кочани, а на рехабилитација во Пониква, дека немало доволно креми, лепенки и слично.

Во врска со двата лека што се ставени на позитивна листа, а ќе бидат достапни за пациентите за три недели, беше појаснето дека досега пациентите не плаќале за нив партиципација, при земање од Клиниката за онкологија. Но, плаќале за да дојдат до болницата, на пример од некое друго место во државата. Сега лековите ќе биле достапни во аптеките во нивните места, ќе се плаќала партиципација. Таа партиципација, во зависност од цената на лекот, немало да биде повеќе од 50 до 100 денари по пакување. Што, секако, како што беше кажано, би чинело многу помалку, отколку пациентот да плаќа превоз и да се малтретира до Скопје и назад.

Next Post
Скриншот

Арагчи: Нуклеарната програма на Иран стана прашање на национална гордост и слава

Shortcut

Најново

Фрагмент од насловницата на албумот „Без никого да удриш“ (фото извор: ФБ сттаница на „Алмебик“)

Концерт, винил и документарец: Голема вечер со „Алембик“ во МКЦ

June 10, 2026

СДСМ: Оставката на Груевска-Маџоска е доказ за распадот на културната политика на Љутков

June 10, 2026
Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - стара чаршија Скендер Бег

Дневен хороскоп со Анаис за 10 јуни 2026: Финансиска консолидација и цврсти деловни темели

June 10, 2026

НАСА го објави екипажот за историската мисија „Артемис 3“ во 2027 година

June 9, 2026

Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

June 9, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk