ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Маск повторно го отвори прашањето за формирање на трета политичка партија во САД

July 4, 2025 19:27
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Милијардерот и претприемач Илон Маск првпат јавно се огласи по усвојувањето на буџетскиот закон на американскиот претседател Доналд Трамп, познат како „Еден голем прекрасен закон”, кој вчера беше изгласан во двата дома на Конгресот.

Маск, на својата социјална мрежа Икс, денеска повторно го отвори прашањето за формирање на трета политичка партија во САД, како алтернатива на Демократите и Републиканците.

Independence Day is the perfect time to ask if you want independence from the two-party (some would say uniparty) system!

Should we create the America Party?

— Elon Musk (@elonmusk) July 4, 2025

„Денот на независноста е совршено време да се прашаме дали сакате независност од двопартискиот (некои би рекле еднопартиски) систем! Дали да ја создадеме Американската партија?”, напиша тој, придружувајќи ја пораката со интерактивна анкета.

Маск тврди дека двете главни партии повеќе не ги застапуваат интересите на она што го нарекува “80 проценти во средината” – проценка што, според него, ги опфаќа умерените и независните гласачи кои не се идентификуваат со крајните политички позиции.

Идејата за нова партија дојде по јавниот конфликт со Трамп околу „Еден голем прекрасен закон”, кој предвидува трајно продолжување на даночните олеснувања од 2017 година, зголемување на долгот за пет трилиони долари и дополнителни 3,3 трилиони долари на дефицитот, според невладина анализа на Конгресниот буџетски одбор.

Законот предвидува и скратувања на социјалните услуги, како Медикејд и програмата за помош со храна (SNAP), што предизвика противење кај некои републиканци и демократи, пренесува Ал Џезира.

Маск индиректно ги повтори своите критики кон законот, реобјавувајќи го коментарот на сенаторот Ренд Пол дека законот ќе доведе до „експлозија на дефицитот за краток рок”, додавајќи емотикон со “100” за да ја изрази целосната согласност. Тој претходно го напушти советничкото место во администрацијата на Трамп, изразувајќи разочарување од зголемувањето на дефицитот.

По заминувањето, Маск ги заостри нападите, наведувајќи дека законот е „одвратна спротивност” и дури сугерирајќи импичмент за Трамп, како и наводни информации за врските на претседателот со осудениот сексуален престапник Џефри Епстајн, без да достави докази (објавите подоцна беа избришани). Трамп, пак, го обвини Маск за „лудо” однесување, поврзувајќи го со намалувањето на владините субвенции за електрични возила.

Маск, чие богатство од 361 милијарда долари според индексот на „Блумберг”, му дава финансиска моќ, предложи партијата да се вика “Американска партија” и планира да се фокусира на неколку клучни места во Сенатот и Претставничкиот дом за да влијае на тесните мнозинства.

Експерти, меѓутоа, предупредуваат дека трети партии ретко успеваат во двопартискиот систем на САД и можат да го ослабнат гласањето за посилни кандидати. Според истражувањето на „Галуп” од јануари 2025, 43 отсто од Американците се идентификуваат како независни, што е рекорд, но процентот на умерени опадна на 34 отсто во 2024 година, доведувајќи ја во прашање проценката на Маск за „80 проценти во средината”.

Трамп се очекува да го потпише законот денеска на специјална церемонија во Белата куќа.

Tags: МаскСАДтрета партија
Next Post

Премиерски патрдии: Прво данок за бездетност, па може да тера и „Гилеад“, за спас на Македонија!

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk