Шпанскиот фудбалер Алваро Карерас е нов член на Реал Мадрид, објави синоќа Кралскиот клуб.
Карерас потпиша шестгодишен договор и се пресели во Реал од португалска Бенфика која ќе добие обесштетување од 50 милиони евра.
Дваесетидвегодишниот Карерас се враќа во редовите на Реал, за кој играше во јуниорските селекции пред да се пресели во Манчестер Јунајтед. Откако не се истакна во клубот од „Олд
Трафорд“ дефанзивецот Карерас ја продолжи кариерата како позајмен фудбалер во Престон и Гранада пред Бенфика да го откупи неговиот договор минатото лето за шест милиони евра.
Карерас е четвртото засилување за мадридскиот тим пред новата сезона по Трент Александар-Арнолд, Дин Хујсен и Франко Мастантуоно, за кои Реал плати вкупно 170 милиони евра.