ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

Во Норвешка, речиси секој нов автомобил е електричен

July 15, 2025 14:08
in ДЕНЕС, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

Електричните возила во Норвешка се присутни речиси насекаде. Оваа нордиска земја, позната по своите огромни резерви на нафта и гас во Северното Море, долго време е предводник на патот кон целосно елиминирање на бензинските и дизел-возилата од пазарот на нови автомобили. А, сѐ тоа – благодарение на низа мерки за поттикнување на купувањето електрични возила, како што се пониските даноци.

Според Норвешката асоцијација на електрични возила, во некои поголеми градови околу 30 отсто од сите патнички автомобили се веќе целосно електрични. Во главниот град Осло, таа бројка е 40 насто. Кристина Бу, генерална секретарка на Aсоцијацијата, за „Си-ен-би-си“ (CNBC) вели дека тоа е одлична вест.

– Многу е забележливо. Мислам дека некои луѓе дури не ни сфаќаат колку е ова добро, бидејќи се случува толку брзо. Воздухот е почист, потивко е и навистина не ги чинеше многу потрошувачите, за да го сменат (своето возило). Луѓето уживаат во возењето електрични возила и тоа функционира многу добро, изјави Бу.

Продажбата на електрични автомобили во Норвешка порасна од помалку од еден насто од вкупната продажба во 2010 година – на 88,9 отсто лани. Според Норвешката администрација за јавни патишта, електричните возила сочинуваат повеќе од 93 насто од сите нови возила продадени во 2025 година досега.

Недостатокот на силно лоби за „традиционални“ автомобили во Норвешка се смета за еден од факторите што го олеснуваат воведувањето на електромобили.

– Норвешка има силна политика веќе со години. Не станува збор само за даночни олеснувања за електричните возила, туку и за зголемување на даноците за автомобили со мотори со внатрешно согорување. Последниве три години, даноците за купување се удвоија – а тие веќе и беа високи претходно… Така, во Норвешка, загадувачките автомобили се оданочуваат до „точка на истребување“, додаде Бу.

Некои пратеници ја доведоа во прашање праведноста на системот за стимулации за електрични возила, тврдејќи дека тие непропорционално им користат на побогатите граѓани и оти тоа би можело да биде на штета на други одржливи видови сообраќај, како што е возењето велосипед, или пак, пешачењето.

Tags: електричен автомобилНорвешка
Next Post

Кина ветува „подлабока“ поддршка за Русија по заканата од Трамп

Shortcut

Најново

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk