ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Вечер на виолончелото на „Охридско лето“ со маестро Даниел Милер-Шот

July 21, 2025 15:19
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Музичката програма на „Охридско лето“ за вечерва го нуди целовечерниот концерт на Даниел Милер-Шот, е еден од најбараните виолончелисти на денешницата.

Милер-Шот и е присутен на сите големи концертни подиуми. Веќе неколку децении ја одушевува публиката како голем амбасадор на современата музика преку неговите идеи за обединување на музиката, литературата и визуелната уметност.

Оваа концертна сезона меѓу другото вклучува турнеја низ Германија со пијанистот Јан Лисецки и оркестарот „Ст. Мартин ин д филдс“, настапи со виолинистката Џулија Фишер, како и концерти со Камерниот оркестар на Концертгебау, Филхармонијата во Хелсинки, Оркестарот на шпанската РТВ и др., како и серија камерни концерти со пијанистот Давид Фре.  Оваа година, Милер-Шот има уметничка резиденција на Фестивалот на Камерниот оркестар во Цирих, а на Фестивалот Мекленбург – Форпомерн одбележува 30 години од првиот настап.

Даниел Милер-Шот гостува како солист со сите значајни оркестри во САД, како филхармониските и симфониските оркестри во Њујорк, Бостон, Кливленд, Чикаго, Филаделфија, Сан Франциско и Лос Анџелес, со бројни оркестри во Европа меѓу кои Берлинската филхармонија, „Гевандхаус“ во Лајпциг, повеќето германски оркестри, водечките оркестри во Лондон, симфониските оркестри во Мелбурн и Сиднеј во Австралија, како и азиските оркестри во Токио, Тајван, Сингапур и Сеул. Редовно соработува со истакнати диригенти како: Марк Албрехт, Карина Канелакис, Томас Даусгард, Кристоф Ешенбах, Иван Фишер, Алан Гилберт, Манфред Хонек, Нееме Јерви, Фабио Луизи, Кристијан Мачелару, Сузана Малки, Јун Меркл, Андрис Нелсонс, Џанандреа Нозеда, Андрес Орзоко-Естрада, Кирил Петренко, Васили Петренко, Јука Пека Сарасте, Далиа Стасевска, Кшиштов Урбански, Јаап ван Звејден и многу други.

Репертоарот на Милер-Шот вклучува бројни дела од барокот, па сè до новосоздадени современи дела. Особено е посветен на проширувањето на репертоарот за виолончело преку сопствени аранжмани и преку соработки со современи композитори. Честопати сам ги претставува концертите и ги пишува текстовите за неговите бројни ЦД-а. На неговиот фестивал во Вевеј креира програма која ги вклучува делата на Бах придружувани со танцова кореографија во обид на визуелен начин да ја „преведе“ музиката.  Неговите соработници за камерна музика ги вклучуваат: Кит Амстронг, Рено Капусон, Вероника Еберле, Џулија Фишер, Џанин Јенсен, Сабине Мејер, Нилс Монкемејер, Ан-Софи Мутер, Франческо Пјемонтеси, Емануел Тјекнавориан, Симон Трпчески, како и квартетите „Модиљани“ и „Ебене“.

За време на неговата кариера Даниел Милер-Шот има издадено импресивен број дискографски изданија кои се повеќекратно наградувани.

Даниел Милер-Шот студирал под менторство на Валтер Нотас, Хајнрих Шиф и Стивен Исерлис. Неговата кариерa била поддржана од Ан-Софи Мутер, а добитник е на бројни стипендии и награди меѓу кои и наградата „Аида Стуки“, како и едногодишно приватно школување кај легендарниот Мстислав Ростропович. На само петнаесетгодишна возраст, тој е добитник на прва награда на Меѓународниот натпревар за млади музичари „П. И. Чајковски“ во Москва во 1992 година.

Даниел Милер-Шот свири на виолнчелото „Екс Шапиро“ изработено од Матео Гофрилер во 1727 година.

На програмата на вечерашниот концерт што ќе се одржи во Катедралната црква „Света Софија“ од 21 часот се избрани дела на Јохан Себастијан – Бах.

Tags: „Охридско лето“Даниел Милер-Шот
Next Post
Инаугурација на папата Лав XIV. Фото: Скриншот

Папата разговараше со палестинскиот претседател

Најново

Анаис, хороскоп, мотиви Охрид

Викенд хороскоп со Анаис за 2 и 3 мај: Моќта на интуицијата и тајните на Шкорпија

May 1, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Работниците денеска на масовен првомајски протест во Скопје

May 1, 2026
Анаис. Мотив, Дојран

Дневен хороскоп со Анаис (1 мај): Процут на хармонијата и награда за балансот

April 30, 2026

Пад од 9 места за две години: Од „задоволителна“ Македонија премина во „проблематична“ зона за слобода на медиумите

April 30, 2026

Цеков ја напушти ЗНАМ и мнозинството, Филипче порача: Тендер-коалицијата почнува да се распаѓа!

April 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk