ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

На „Маршот на ангелите“, родителите запрашаа: До каде е постапката за полициските службеници за пожарот во „Пулс“

July 27, 2025 11:09
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Родителите на загинатите деца во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ на 16. Марш на ангелите пред зградата на Полициската станица во Кочани побараа одговор од ОЈО ГОК, кое ја води постапка за над 20 те полициски службеници од ОВР Кочани и СВР-Штип, до каде е истрагата за нив и формирање на обвинителен предлог.

-Сакаме да ги прашаме до каде е постапката на ОЈО ГОК или чекат одмори, да си одведат нивните деца на  одмор, на вода, а ние на нашите деца врз гробовите да им фрламе вода за да ги освежеме. Блазе си им, нека им служи на чест, оти развлекуваат само, вели мајка на загинато момче.

На Марш на ангелите главната порака им беше „Слушнето го гласот на оние што повеќе не можат да зборуваат“. Родителите и семејствата на загинатите деца што учествуваа на протестниот марш се револтирани што нивниот настан денеска имаше убедливо најслаб одѕив. Револтирано им се „заблагодарија“ на поддршката на граѓаните и семејствата кои имаат настрадано деца, а денеска не учествуваа на маршот кој почна во 18.05 часот од Паркот на револуцијата, а заврши пред зградата на Судот и Обвинителството во Кочани.

Една од мајките пред зградата на Општина Кочани истакна дека на денешен ден се случи катастрофалниот земјотрес во Скопје, кој однесе голем број на човечки животи и направи материјални штета. Посочи дека на денешниот Марш на ангелите им одаваат почит на загинатите во земјотресот во Скопје во 1963 година, но истовреме се сеќаваат и на оние кои помогнале да се обнови градот Скопје.

-Но, пред четири месеци се случи најголемата трагедија во поновата историја на Македонија. Пожарот во кој поради затајување на институциите 62 деца беа пеплосани и над 200 беа повредени со трајни психички и физички последици и уште 300 деца, кои не се споменуваат, а кои беа таа вечер, за среќа без физички повреди, но ќе останат трајно со траума и ужас од таа кобна ноќ, 16 март 2025, која ќе ги следи цел живот. Таа ноќ ќе го следи Кочани, за секогаш. Трагедија која наместо да не сплоти, обедини, за да не се повтори. Таа ни донесе уште дополнителни удари од општествената струка во која живееме, рече мајка на загинато дето пред зградата на Општина Кочани. 

Tags: Маршот на ангелите
Next Post

Од Папа до активист на УМС на ВМРО - ДПМНЕ

Shortcut

Најново

СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

November 2, 2026

Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

November 2, 2026
Протести во Италија, 2026

Автентичните граѓански протести во Европа и пропагандата стратегија на Кремљ

November 2, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Злобни напади врз чесната власт

November 1, 2026

Апсењето на Кричак: Пресметка во српскиот безбедносен апарат или почеток на институционални промени?

November 1, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk