Тајланд ја обвини Камбоџа за „намерно“ кршење на прекинот на огнот што двете земји го договорија во понеделник за да се стави крај на граничните судири во кои загинаа најмалку 33 лица, а илјадници беа раселени, пренесува Би-би-си.
Ова е несигурен почеток на прекинот на огнот, кој требаше да стави крај на петдневните бомбардирања и ракетни напади по должината на заедничката граница.
Тајландската војска вели дека престанала да пука по полноќ, но дека продолжила да добива оган од камбоџанска страна „на повеќе локации“ до утрово.
Министерството за одбрана на Камбоџа изјави за новинската агенција АФП дека „немало вооружени судири“ меѓу двете страни откако прекинот на огнот започна на полноќ.
Средбата меѓу локалните команданти, која беше дел од договорот за прекин на огнот, беше одложена двапати и можеби воопшто нема да се случи.
Д. Мишев / Цивил Медиа